Промовирани огласи »

Идеално, работната култура се состои од средина во која на вработените им се верува, се третираат како достојни, а не на микроменаџирање. На вработените им се доверени вредноститевизијатамисијата и стратешката рамка во која од нив се очекува да ја вршат својата работа.

Тие добиваат честа комуникација, се третираат со почитучтивост и имаат придонес во секој аспект на работата што се ангажирани да ја произведуваат. Тие се исто така се охрабрени да зборуваат за тоа во што веруваат кога учествуваат во решавање на проблем за клиентот. Организацијата им верува со своите најзначајни и критични финансиски информации за да не бидат исклучени од деловните проблеми.

Ниту едно работно место не е секогаш опкружено со совршена работна средина и култура за поддршка за поттикнување на мотивацијата на вработените. Доколку како работодавач сте мотивирани да го проширите својот круг на вработени секогаш можете да не контактирате на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење  енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ – БЕГ.

Денешната одлука, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија. БЕГ, нагласи, во петокот поднесе и барање за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки.

За денешната одлука согласно Законот за енергетика ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Појасни дека БЕГ како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата ги навела кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

Очекувам навреме да заврши процедурата и да се избере нов вршител на дејноста и доколку има гас да нема никакви проблеми во снабдувањето на скопјани со топлинска енергија, рече Бислимоски и додаде дека снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.

Земјава, според него освен руски има можност да набави и друг гас преку интерконекторот со Бугарија, бидејќи Бугарија е поврзана со Грција, а, како што кажа, вршителот на енергетска дејност за производство на топлина има и обврска да има алтернативно гориво за 15 дневно непречено снабдување со топлинска енергија, во случајов мазут. Препорача да се размисли мазутот да биде заменет со дизел, бидејќи помалку загадува и додаде дека за тоа ќе бидат потребни само мали адаптации на топланите. Во случај Русија да ја прекине испораката на гас за земјава и да не се најде алтернативен начин, како што рече, трансформаторите во некои скопски општини не се димензионирани да издржат поголемо оптоварување доколку граѓаните се префрлат на греење со електрична енергија.

Промовирани огласи »

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто.

Договорено е најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда.

Министерството, како што се додава, ќе стори се што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција.

Промовирани огласи »

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски денеска на прес-конференција за медиумите потврди дека денес на главната седница РКЕ донела одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство.

Најави дека РКЕ ќе ја информира Владата, која пак, е должна да организира јавен повик на кој ќе биде избран нов вршител за вршење на производство на топлинска енергија. Бислимовски очекува роковите за избор на нова компанија да бидат кратки.

Бислимовски појасни дека скопјани нема да останат без парно.

Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, вели првиот човек на Регулаторна.

Лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.

Бислимовски посочи дека ако има природен гас, нема да има проблем во снабдувањето со топлинска енергија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »