Промовирани огласи »

Владата го усвои Законот за заштита на потрошувачите на предлог на Министерството за економија, објави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Овој закон ќе помогне да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, за заштита на потрошувачите и за заштита на ранливите категории на граѓани во деловните трансакции... Со овој закон се обезбедува високо ниво на првата на потрошувачите, но и полесно деловно уредување. Исто така се уредуваат правата и обврските на здружението за зашита на потрошувачите, а предвидени се и инструменти за брзо решавање на споровите - посочи Бектеши. 

Министерот укажа дека како новина се воведува посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики при продажба, вклучувајќи ги и дигиталните понуди.

Одредена трговска практика е нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, особено ако не се наведуваат јасно условите. Трговска практика се смета за нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, па дури и ако информаците се точни, но го доведуваат во заблуда потрошувачот да донесе одлука која не би ја донел во вообичаени услови. Нечесно е и ако со принуда или примена на сила го доведе во заблуда потрошувачот или го наведе на пазарна одлука која не би ја донел во други услови - појаснува Бектеши. 

Министерот укажа дека во зависност од големината на компанијата, предвидени се казни од 500 до 10 илјади евра казна за непочитување на законот.

Во делот на санкциите, предвидена е и привремена забрана за работа од три месеци до две години, за среден и голем трговец, и 20 дена за микро и мал трговец. Одговорните лица, ќе добијат забрана за вршење дејност од 3 месеци до 1 година - посочи Бектеши. 

Промовирани огласи »

Огревното дрво за загревање на домовите чини до 5.000 денари по кубик, јавува ТВ Алфа по обиколката на приватните складишта.

Според она што го констатира телевизијата во разговор со приватните сопственици, цените се многу поскапои од лани. Кубик бука е околу 2.800 денари, додека од даб чини 4.600 денари.

Од јавното претпријатие „Национални шуми“ пак возвратиле дека одговор за тоа колку ќе чини нивното дрво за огрев ќе може да дадат за неколку дена.

Сопствениците велат дека на новата цена најмногу влијае нафтата и работната сила.

Покрај дрвото за огрев, поскапени се и пелетите како алтернативно загревање по најавите за уште едно поскапување на електричната енергија.

Во моментов постои забрана за извоз на огревно дрво од БИХ и Србија, што придонесува побрзо да се празнат складиштата.

Промовирани огласи »

Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу КАРИЕРА.мк и Институтот за комуникациски студии.

Формата на долгорочната соработка ќе се остварува преку, презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања.

Дополнително за сите студенти на институто ќе следи бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се корисни за секој студент, соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса, техничка помош на студентите при процесот на барање работа преку кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот.

Тимот на KARIERA.mk се радува на секоја нова соработка, особено на соработките со едукативните институции во државата со цел давање на можности на младите луѓе во што поголем број.

Промовирани огласи »

Ова е период од годината кога се бориме против високите температури и бараме начин да се разладиме што е можно полесно. Многумина се прашуваат дали треба да набавите вентилатор или климата е подобра опција.

Одговорот може да варира од личност до личност, во зависност од неколку фактори.

Иако вентилаторите и клима уредите ви помагаат да се разладите на многу различни начини, и двата првенствено ја користат моќта на ладење на испарувањето.

Вентилаторите дуваат воздух што стигнува до нашата кожа, што го поттикнува испарувањето на влагата. Испарувањето е ендотермичен процес, што значи дека влагата ја апсорбира топлината од околината додека таа се претвора во пареа. Вентилаторите не ја ладат цела соба, само вас.

Клима уредите го користат истиот механизам, но на многу покомплексен начин. Во внатрешноста на клима уредот има калем од течноста за ладење која постојано испарува и кондензира. Воздухот се вовлекува во клима уредот и се лади со процесот на испарување. Процесот на кондензација се одвива на друго место во уредот, дозволувајќи топлината да зрачи надвор од вашиот дом.

Што е поскапо?

Клима уредот бара значително повеќе енергија од вентилаторот. Ова го прави вентилаторот енергетски поефикасен и поекономична опција. Вентилаторот користи околу 1 процент од електричната енергија што ја трошат клима уредите. Ако го оставите вентилаторот вклучен 24 часа, тој сепак ќе троши помалку енергија од клима уредот за 15 минути, пишува USA Today. Сепак, ниту вентилаторите не се идеални во секоја ситуација.

Употребата на вентилатори треба да се избегнува при екстремно високи температури бидејќи тие понекогаш може да ја зголемат дехидрацијата и дисбалансот на електролитите. Затоа, Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачуваат користење вентилатори само на температури под 35 ° C.

Зголемената циркулација на топол воздух и испарувањето на потта всушност може да доведат до некои проблеми поврзани со топлината, како што е топлинска исцрпеност.

Вентилаторите исто така не ја намалуваат вкупната влажност, а влагата може да ве стопли. Во влажни денови, потта ќе испарува побавно од вашата кожа, што дополнително ќе ја ограничи ефикасноста на вентилаторот. Исто така, вентилаторот нема да биде премногу ефикасен ако седите неколку метри подалеку од него.

Од друга страна, клима уредите се најдобрата опција кога сакате да ладите поголеми површини. Клима уредите помагаат и за отстранување на влагата од воздухот, а исто така се најдобриот избор кога температурите се над 35 ° C.

Користете вентилатор ако:

  • температурата е под 35 ° C,
  • не е многу влажно,
  • седите блиску до вентилаторот,
  • сакате да трошите помалку електрична енергија.

Користете клима уред ако:

  • температурата е повисока од 35 ° C,
  • влажно е,
  • сакате да изладите голема површина,
  • Можете да си дозволите поголема сметка за струја.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »