Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на главна седница донесе одлуки со кои престануваат да важат одлуките за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ.

Со овие одлуки, како што соопшти РКЕ, „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје и „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје повеќе немаат лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција и снабдување на топлинска енергија од страна на регулиран производител.

Од РКЕ потсетуваат дека претходно донеле одлука и за престанок на лиценцата за производство на топлинска енергија.

Согласно Законот за енергетика, со оглед на тоа дека станува збор за вршење на јавна дејност РКЕ ја известува Владата за овие одлуки, по што треба да се спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност, производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветни лиценци, наведуваат од РКЕ.

Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство, дистрибуција и снабдување на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, стои во соопштението на РКЕ .

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 23.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945%, кај дизелот за 1,174%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,425% и кај мазутот има намалување е за 1,806%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,986 ден/кг и ќе изнесува 53,305 ден/кг.

Од 28.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 109,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 111,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,35%. 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

Денеска (26.06.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 98 возачи.

Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Промовирани огласи »

Од 2019г АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија во услови на либерализација. Иако законот ни дава можност да испорачуваме енергија од само 60 отсто од потребите на ЕВН Хоме, а другите количини да ги продаваме на слободниот пазар и дополнително да заработуваме, АД ЕСМ повторно ќе испорача 100 отсто за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, информираат од државните електрани во своето денешно соопштение. 

Што се однесува до цената, АД ЕСМ понуди пониска цена, од 48 евра за мегаватчас, затоа што со ваква цена ќе има само благо покачување на крајната цена за граѓаните. ЕСМ учествува со околу 32 отсто во цената за крајните потрошувачи.

Цената што ја понудивме е резултат на зголемениот ангажман на вработените, кои со натчовечки напори и деноноќно ангажирање обезбедуваат електрична енергија за граѓаните и фирмите во овие исклучително тешки услови, особено кога има недостаток на мазут и природен гас во Јужна Европа. Резултат е и на оптимизирање на производството, зголемување на производството и намалување на зависноста од набавка на електрична енергија, навремено и квалитетно менаџирање на состојбите, намалување на непродуктивните трошоци, намалување на вкупните трошоци за 15 отсто и во првите 5 месеци од годината заштедени се речиси 50 милиони евра. Така ќе се продолжи и во втората половина од годината.

Во услови кога цените се драстично зголемени и има недостиг на енергенси,  правиме натчовечки напори да се обезбедат дволни количини на јаглен и да се зголеми ископот за зголемено производство на електрична енергија во РЕК Битола и РЕК Осломеј, додека хидропоренцијалот, поради неповолната хидрологија, се чува за баласирање и системски услови, заради стабилно снабдување.

Не е коректно, во услови на енергетска и воена криза во Европа, т.н. експери да внесуваат немир и дезинформации кај граѓаните со неодговорни настапи во јавноста.

ЕСМ покажа дека има капацитет да обезбеди снабдување со електрична енергија, и дека има помош и поддршка од Владата на Р. Северна Македонија, и така ќе продолжиме и во следниот период и претстојната грејна сезона“, се вели во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »