Промовирани огласи »

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска сподели убава вест,за сите граѓани кои скенираат сметки и на тој начин прават поврат на ДДВ во земјава.

Имено, таа информирашр дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то за физичките лица.

Мерката „Мој ДДВ“ слави трет роденден. Со повратокот на дел од данокот на додадена вредност кај граѓаните вративме 4,2 милијарди денари.

Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ.

Граѓаните наместо 1800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите, објасни Лукаревска.

Промовирани огласи »

Ако сте земале студентски кредит или имате долг од каков било вид, вашиот прв приоритет треба да биде да го платите. За студентскиот заем, информирајте ја банката или финансиската институција за вашето вработување и пополнете ги сите формалности што можеби ги имаат.

Систематските инвестициски планови се одличен начин да се инвестира во компании и да се изгради богатство со текот на времето. Раното започнување ви помага да ја искористите целосната корист од инвестирањето. Инвестирањето овозможува на време да ги зголемите вашите пари. Заработената камата се реинвестира секоја година и оттука се акумулира. Со инвестирање ќе ги искористите придобивките од просечниот износ на трошоците.

Секој ден е важен, затоа почнете да штедите рано за вашата иднина да биде обезбедена!

Но, доколку сте се уште невработени и во потрага по вашето идеално работно место, се што треба да направите е да кликнете ТУКА.

Промовирани огласи »

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.

Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти.

РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави вчера во Охрид претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима.

Од Владата не кријат дека не очекува тешка зима, но уверуваат дека рестрикции нема да има. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера од МЕФ Енергетскиот форум во Охрид порача дека се прават сите подготовки од страна на ЕСМ да се зголеми производството на електрична енергија и дека согласно нивниот план веќе е зголемено производството.

И тој е на став дека со концептот на блок тарифи ќе се ублажат последиците од кризата и ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани и на домаќинствата кои немаат друг извор на греење, освен електрична енергија.

Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, коишто трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во однос на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако, дека сите треба да бидеме свесни и да се обидеме да заштедиме што повеќе електрична енергија затоа што ова не е криза само на Северна Македонија, туку глобална криза, рече Бектеши.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза.

– Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, изјави вчера Бислимоски за Канал 5 телевизија.

За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски.

Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порачува Бислимоски. 

Промовирани огласи »

Ќе расте сиромаштијата во земјава. Зголемувањето на трошоците за живот, поради секојдневниот пораст на цените на храната, нафтата, поскапата струја и најавата за раст на цената на парното, ќе го големи бројот на лица кои ќе бараат помош од државата. Од министертвото за труд веќе кројат мерки за да им помогнат. Во моментов 36,000 домаќинства живеат од социјална помош, од кои 6.000 се новозапишани од минатата година, кои ја изгубиле работата поради пандемијата.

Од министерството сега не очекуаат толкави бројки, затоа што не с е очекува затврорање на фирмите, туку граѓаните , поради високите цени за живот, ќе немаат пари да го преживеат месецот.

Навистина претстои тешка зима. Затоа заедно со министерот за финансии Бесими планираме пакет мерки кои од септември ќе ги понудиме, за полесно да се справат сите граѓани, посебно оние со социјален ризик., А со министерстовто за економија имаме посебна мерка за енергетската сирошматија, каде се плаќат дел од сметката за струја. Системот на министерството се покажа ефикасен и може да ги апсорбира сите материјално непбезбедени граѓани, изјави Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

Според последните податоци на статистиката, во 2020та година четвртина од граѓаните, однсоно 452 илјади живееле под прагот на сиромаштија. Месецот го туркале со 5,600 денари. Сиромаштијата ја чувствуаат најмногу четиричлените семејства но и младите до д 17 години. Инаку, за да се задоволат основните месечни потреби, на едно домаќинство месечно му се потребни речиси над 38, 800 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »