Промовирани огласи »

Најверојатно, знаете дека секој вработен има право на неплатено отсуство и за истото можете да прочитате повеќе информации кои би ви послужиле доколку некогаш треба да го искористите ова право.

За неплатеното отсуство од работа (мирување на работниот однос) основно е дека вработеното лице има право да побара неплатено отсуство поради лични причини или ако е избран или именуван за вршење некоја јавна функција, и за тој временскиот период не прима плата, за него не се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување, а правата и обврските од работен однос му мируваат.
 
Неплатеното отсуство временски е ограничено и изнесува најдолго 3 месеци во текот на календарската година. Доколку вработениот користи неплатено отсуство од работа 3 месеци, работодавачот е должен да му издаде решение дека работникот користи неплатено отсуство, да ја извести надлежната институција ‒ Агенцијата за вработување, а притоа работодавачот е должен да му го чува работното место.

Како што работодавачот е должен да го чува работното место, така вработениот што користи неплатено отсуство е должен да се врати на работа во точно определениот ден (најдоцна во рок од три дена по престанокот на отсуството или во рок од 15 дена по престанокот на мандатот на јавната функција), согласно решението со кое му се одобрува неплатено отсуство од работа.

Промовирани огласи »

Мобингот е модерна верзија на насилство која е навистина застапена во нашето општество и се повеќе се случува во приватниот сектор.

Според литературата постојат фази на откривање на мобингот и истите решивме да ги претставиме за да го олесниме разоткривањето на оваа појава за побрз период и избегнување на последните фази кои може да донесат трајни трауматски пореметувања кај вработениот.

Прва фаза

Не ви даваат да работите, ве изолираат и престануваат да ве дружат во паузите – знак дека имаат намера да ве избркаат од работното место, било заради тоа што сметаат дека сте вишок, било што ви завидуваат и се чувствуваат загрозени заради вашата способност.

Од оваа фаза можете многу лесно да се извлечете, веднаш расчистете и едноставно прашајте го шефот за што се работи и „покажете заби”. Од одговорот можете да сфатите дали се работи само за нормален проблем на работа кој треба да се реши, или сте навистина жртва на мобинг.

Втора фаза

Обично мобингот трае подолго време и жртвата не забележува, туку се прашува дали работи добро, дека не се труди доволно, дека греши во работењето, дека не може да се приспособи, се чувствува помалку вредна на работа, го губи угледот и правото на глас.

Трета фаза

Жртвата е дежурен виновник за сите пропусти и неуспеси на тимот со кој соработува, се обвинува дека ја попречува работата

Четврта фаза

Се бори за опстанок на работата, се труди да ги изврши сите доверени работи, иако жртвата е свесна дека преобемните работи и со неразумни рокови се со намера.

Петта фаза

Жртвата целосно е исклучена од работниот процес, се разболува, паѓа во депресија, бара помош од психијатар, ја напушта работата, па дури и се обидува да си го одземе животот.

Дали се пронајдовте во некоја од фазите и како тие влијаат на вашето работење? Доколку почувствувавте нешто слично на вашето работно место, време е да поразговарате за вашето место и вашето здравје и да го решите овој проблем кој не ретко се занемарува од вработените.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска имал средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која на шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава му ја презентирал економската програма на Владата.

Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата нагласил дека Владата ќе работи на создавање добра бизнис-клима и на овозможување исти услови за инвеститорите.

„Владата ќе работи на реализација на капитални проекти, важни за подигнување на конкурентноста на компаниите во земјата. Ќе ја стимулираме соработката помеѓу домашните и странските компании и ќе воведеме нов концепт за привлекување инвестиции, што ќе биде транспарентен и со исти услови и за странските и за домашните инвеститори“, рекол Анѓушев, стои во соопштението.

Тој додал дека реформите во енергетскиот сектор ќе бидат во фокусот на Владата и дека до крајот на 2017 година ќе биде донесен новиот закон за енергетика, во согласност со договорот со Енергетска заедница и со препораките на Европската комисија.

Во новиот закон за енергетика ќе ги имплементираме третиот енергетски пакет на Европската Унија и мерките препорачани од Енергетската заедница. Ќе работиме на искористување на сите постојни капацитети за производство на енергија во земјата, но ќе поддржуваме и изградба на нови капацитети, особено од обновливи извори на енергија, нагласил вицепремиерот за економски прашања.

Жбогар на средбата порачал дека ако се исполнат поставените цели, македонската економија ќе забележи пораст со посилно темпо, што е во интерес и на земјата, но и на регионот и на Европската Унија.

Промовирани огласи »

Дали понекогаш чувствувате дека сте си поставиле премногу цели и дека сте преокупирани со вашата работа?

Да, премногу цели за постигнување, понекогаш, ако не и секогаш, ќе биде многу полошо отколку воопшто да се нема цел.

Зошто? Затоа што е подобро ништо да не преземаме отколку да се загубиме во џунглата на активности кои треба, а не можеме да ги спроведеме за да ги постигнеме поставените цели.

Пред да си дадете премногу задачи, прочитајте што прават премногу цели во ист момент.

1. Премногу цели создаваат конфузија – збунетост.
2. Премногу цели го отежнуваат процесот на приoритизација.
3. Целите бараат промени, а премногу цели ќе бараат премногу промени, што значи и премногу проблеми за вас и вашиот бизнис.
4. Премногу цели, бараат премногу активности, премногу активности бара премногу време, а имаме само 24 часа дневно, седум дена во неделата.
5. Премногу цели доведуваат до излегување од рамката на вршење на една работа во моментот.
6. Премногу цели доведуваат до дефокусираност.
7. Премногу цели доведуваат до нервоза кога ќе се појават „тесните грла” за нивното постигнување.
8. Премногу цели доведуваат до разочарување кога ќе се сфати дека ниедна од тие цели не се постигнува.
9. Премногу цели едноставно го рушат системот на поставување и користење на цели заради обезбедување на успех во вашиот бизнис.
10. Премногу цели создаваат непродуктивност во вашиот бизнис.

Понекогаш е добро да се направи план за целите кои треба да ги остварите во една недела однапред, за да имате преглед на се она што го планирате.

Наредниот пат кога ќе добиете идеја и истата треба да ја ставите во функција, размислете и за тоа колку други активности имате во истиот период за да може сите да бидат завршени на најдобар начин.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »