Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. 

Моментално вработува:
МАГАЦИОНЕР,
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА,
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ

Како и сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или  други активности, денеска одлучи Советот на Град Скопје на 13-та седница.

Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот распуст можеа да набават месечен  билет по повластена цена, од 600 денари за користење на сите линии, за еден месец, односно за јули или август. Со денешната одлука на Советот на Град Скопје ќе можат да се возат бесплатно.

Бесплатниот  превоз важи за сите ученици  од задолжително средно образование во средните училишта  под ингеренции на  Град Скопје, како и за оние што учат во  државните средни училишта.

Промовирани огласи »

Леар Корпорација и КАРИЕРА.мк склучија договор за соработка, сите актуелни огласи од Леар Корпорација веќе можете да ги најдете на нашиот сајт. 
Американската Леар Корпорација официјално е влезена на нашиот пазар на труд. Компанијата почнува со производство на автомобилски навлаки и седишта во нов објект во ТИРЗ во Тетово.

Моментално ги има отворено овие позиции:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА ШИЕЊЕ
ПЛАНЕР ЗА МАТЕРИЈАЛИ

Сите останати активни огласи можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

ЈП „Градски паркинг“ ги засилува контролите за непрописно паркираните возила при што упатува апел до корисниците да внимаваат на правилата за паркирање, бидејќи би се соочиле со несакани санкции т.е. поставување блокатор на тркало или отстранување со пајак-службата.

Изминатата недела утврдени се повеќе случаи на непрописно паркирани возила, како што се: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина и слично, при што по налог на полиција или комунален инспектор било соодветно постапено – велат од претпријатието. 

До корисниците на паркинг-услугите упатуваат апел да внимаваат на вертикалната и хоризонталната сигнализација и своите возила да ги паркираат исклучиво на паркиралиштата на означени паркинг-места. Воедно, сите корисници навреме да го регулираат плаќањето на паркинг услугата преку СМС-порака или со греб-картичка истакната на предното ветробранско стакло.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »