Промовирани огласи »

Компанијата Fx3x е домашна компанија што веќе 25 години е дел од сите големи филмски проекти на Холивуд.

Со цел поддршка на младите амбициозни луѓе што сакаат постојано да учат, да се надградуваат и да осознаваат нови вештини и искуства, во партнерство со врвно светско студио за визуелни ефекти и анимација Fx3x обезбедува стипендии во вредност од по 3.000 евра за специјализирани обуки на 60 најдобри кандидати. Уписите се отворени до 15 јули, а добредојдени се сите млади креативци со или без искуство. 

„Пред дваесет и пет години со Fx3x започнавме двајца, јас и Миливоје Ѓорѓевиќ, а денес броиме повеќе од сто и педесет вработени. Целта беше да создадеме компанија од светски калибар со врвен тим од луѓе што работат упорно и посветено. Освен квалитетот за кој не правиме компромис, Холивуд нè избира нас пред другите поради моментот на доверба, знаат дека она што ќе го испорачаме, ќе биде производ изработен до перфекција. Сме работеле на многу светски блокбастери и оскаровци, на многу наградени култни филмови и серии. Чест ми е што имам можност да работам со млади амбициозни и креативни луѓе, и како компанија да ги поддржуваме во остварување на својот креативен и кариерен потенцијал“ – изјави Кристијан Даниловски, генерален менаџер и соосновач на Fx3x.

Обуките ќе се реализираат во школата на Fx3x за визуелни ефекти и анимација на VFX Nest, а се организирани во соработка со „ЊуМенс бизнис акцелераторот“. Предвидено е да се спроведат во две главни области, и тоа Визуелни ефекти за филм и 3D моделирање и анимација, секоја со по 450 часа предвидени за предавања и 100 часа предвидени за практични вежби и самостојна работа.

Обуките ќе ги изведуваат најдобрите домашни ментори со искуство на најпрестижните проекти во индустријата, а овој пат ќе се вклучат и врвни тренери од една од најголемите светски компании за визуелни ефекти и анимација, со цел за само пет до шест месеци да ги остручат учесниците за директно вработување. Планирано е обуките да се одржуваат хибридно, во живо и онлајн, со можност учесниците надвор од Скопје да следат поголем дел од програмата онлајн. 

„Менторите се супер и обрнуваат внимание на секој детаљ во предавањата. Исто така, секогаш се на располагање да помогнат со тешкотиите со кои секојдневно се сретнувам. На сите што се интересираат за кариера во овие области, топло би им препорачал да не се демотивираат и да се истрајни и упорни во својата работа. Како резултат на обуките добив неверојатна можност да бидам дел од тимот што работеше на ABBA Voyage и одлично е чувството кога ќе видите како заедничките напори се спојуваат во едно на денот на премиерата, како и да си го видите вашето име на одјавната шпица“ – изјави Раде Радевски. Раде има завршено ваква обука во 2021 година и е вработен во Fx3x. 

За сите кандидати што редовно и успешно ќе ги завршат обуките и ќе го положат финалниот тест, ќе биде обезбедено работно место во Fx3x, со можност за натамошен напредок во кариерата, како и интернационална кариера и во рамките на партнерската компанија од светски ранг.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат за стипендирана обука на следниот линк: http://bitly.ws/smeK најдоцна до 15 јули. Дознајте повеќе информации за Fx3x на https://fx3x.com.

Промовирани огласи »

Францускиот министер за економија и финансии во неделата предупреди дека Русија најверојатно целосно ќе го исклучи снабдувањето со природен гас за Европа.

Овој потег ќе биде сеизмички шок за светската геополитика и ќе го поништи деценискиот развој во Европа предвиденa за продажбата на енергија. ЕУ го намали уделот во својата енергија што доаѓа од Русија од околу 40 на 20 отсто, според белгиските вести.

На 7-ми јули Франција го изнесе нацрт законот кој ќе му овозможи да бара електрични централи на гас, објави Ројтерс. Ле Мар, кој во неделата разговараше со новинарите, предложи земјата да биде подготвена да ги идентификува клучните претпријатија чие снабдување со енергија треба да биде приоритетно и клучно за Европа.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 11.07.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 102,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 104,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 50,903 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Во име на здружението АДКОМ кое ги обединува јавните комунални претпријатија, даватели на комунални услуги кои функционираат на територијата на целата држава упатуваме јавен апел до владата за помош, за справување на последиците од тешката економска криза која се чувствува и во нашето работење.

Поради енормниот раст на трошоците за струја, растот на цената на бензините кој е речиси сто процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење.

Како претпријатија кои сме даватели на комунални и водоводни услуги ние имаме обврска спрема граѓаните да продолжиме да ги остваруваме услугите на потребното ниво и покрај сите макро економски предизвици со кои се соочуваме.

Повеќе години цените на услугите кои ги даваме за граѓаните се на истото ниво и покрај тоа што трошоците за електрична енергија се покачени за 3 до 5 пати, и покрај тоа што бензините се зголемија за дупло од цената која беше пред година и половина. Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква состојба излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги.

Владата како страна која со своето делување има влијание врз енергенсите чија цена се покачи што директно имаше импакт врз нашето финансико работење и опстојување, бараме да излезе во пресрет и да обезбеди финансиска помош преку блок дотации за покривање на дел од загубите.

Воедно спремни сме за средба на која ќе разговараме за кртичната состојба во нашите претпријатија бидејќи кризата го доведува во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги и квалитетно снабдување на вода за пиење. Ваквите примери на субвенционирање на трошоците во работењето на притпријатијата од ваков тип на услуги е воведен пример во повеќе европски држави.

Воедно владата веќе се обврза на секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот, при што бараме да ја има во предвид најсуштествената област а тоа е цената за вода за пиење и цената на услугите за собирање на отпадот. Не сакаме да се доведеме во ситуација на уште еден ценовен удар што би значело повисоки сметки за граѓаните на кое ќе бидеме приморани доколку владата нема слух за нашите барања и потреби, велат од АДКОМ.

 
 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »