Полицијата сподели фотографија направена од екранот на „дрегер“ уред, која покажува дека еден возач бил во многу алкохолизирана состојба, апаратот прикажал дека има 3,39 промили во крвта. Со контролата на полицајците на територијата што ја покрива СВР Битола се казнети 54 возачи кои седнале да возат иако биле пијани.
Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола 20, на подрачјето на Прилеп 22,пет возачи Ресен, три санкционирани возачи во Демир Хисар, два во Македонски Брод и една санкција е изречена во Крушево, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За време на контролата изречени се и 63 други прекршоци. Контролата е спроведена во периодот од 23 часот до 5 часот утринава.