Промовирани огласи »

НА девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред и дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,78 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,35 на 137,95 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека вчера во ова време беше 1,0105 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово благо паднаа, откако вчера скокнаа за околу 5 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,39 отсто, на 105,

Промовирани огласи »

Близу 5 илјади фирми затворени само првите шест месеци годинава, покажуваат податоците на Централниот регистар. 

 

Најмногу клуч на врата се ставало во секторите трговија, преработувачката индустрија и објектите за сместување. Статистиката е слична во споредба со минатата година и 2019та.

Од бизнисот велат дека бројот на затворени фирми скоро секоја година е ист, но Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата очекува годинава трендот да продолжи со позасилено темпо за разлика од претходните години, поради тешката состојба во која се наоѓаат фирмите. Според него економските и енергетски кризи силно ги погодија компаниите и закрепнувањето оди потешко од очекуваното.

„Тоа е веќе состојба... просек... / се влегува во континуитет од криза во криза...“ изјави за Канал 5 Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.

Последниве две години беа тешки за сите сектори, а угостителството, трговијата и туризмот беа едни од најпогодените со Корона КРИЗАТА. Според Бошков неизвеснота се уште трае, И апелира државата да се фокусира повеќе на економијата и да создаде амбиент во кој фирмите ќе можат самите да се борат да опстанат.

Промовирани огласи »

Шпанската влада одлучи на сите граѓани од 1 септември до крајот на годинава да им овозможи бесплатен железнички превоз во возовите кои сообраќаат на кратки и средни релации за патувањата до 300 километри, пишува Гардијан. Популарниот потег доаѓа во период на криза во земјата поради зголемените трошоци за живот за граѓаните.

Социјалистичката влада одлучи попустите од 100 отсто да важат за билетите со повеќе возења (посебните билети за најмалку 10 возења) во приградскиот железнички сообраќај во градовите, но и за ваквите билети за возовите кои сообраќаат на средни растојанија до 300 километри.

Брзите возови на долги релации во Шпанија не се вклучени во оваа мерка на шпанската влада, исто како и билетите за едно возење. Покрај шпанските граѓани, бесплатниот превоз ќе можат да го користат и туристите.

Знам дека платите покриваат сè помалку и дека е тешко да се стигне до крајот на месецот, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез, додавајќи дека е свесен за тешката ситуација во која се наоѓаат граѓаните поради инфлацијата.

Оваа мерка на шпанската влада претставува надополнување на претходната одлука објавена минатиот месец, со која централната влада договори попуст висина од 30 отсто на целиот јавен превоз, вклучувајќи метро, ​​автобуси и трамваи.

Ваквата мерка се очекува да ги смали трошоците за транспорт на шпанските граѓани, иако дел од јавноста веќе критикува дека шпанската железничка инфраструктура не е подеднакво развиена низ целата земја, особено во северозападните делови на Шпанија, каде не постои развиен приградски железнички превоз.

Извор – Мета

Промовирани огласи »

Потрошувачите кои се приклучени на Балкан Енерџи Груп да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија, велат од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Од РКЕ истакнуваат дека постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија.

До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, нагласуваат од РКЕ.

Оттаму потенцираат дека, согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем, потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга.

Потрошувачот има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец – стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија, соопштуваат од РКЕ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »