Промовирани огласи »

Македонскиот пасош е на 33-то место во светот и со него може да се патува во 124 земји без виза. Индексот на пасоши „Артон Капитал“, кој ги зема предвид пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и шест територии објави дека С. Македонија е на 33-та позиција. 

Косово е на 82. место, а Србија на 25. место, затоа што нејзините граѓани можат да посетат 134 земји без визи, а Босна и Херцеговина е на 41. место (во 116 земји без виза).

Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со најмоќни пасоши, затоа што нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза. 

Држави со најмоќни пасоши на европско тло се Германија и Шпанија (190 земји без виза), а зад нив се Финска, Италија и Луксембург со 189. Нов Зеланд и САД се на седмото место, веднаш до Белгија, Норвешка и Швајцарија. Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаби пасоши и можат да влезат во само 27 земји по поднесување на барање за виза.

Индексот за пасоши на „Хенли“, објавен на почетокот на оваа година покажува дека германскиот и јужнокорејскиот пасош се на второ место, а третото место го делат Финска, Италија, Луксембург и Шпанија, чии граѓани можат без виза да одат во 189 земји, а јапонскиот и тогаш беше на врвот. 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток 21.07. до 24.07.2021 година.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.
Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Промовирани огласи »

Функцијата за мапи на Инстаграм стана многу покорисна, а инспирирана е од она што го нуди сервисот на Гугл.

Картата поддржува пребарување на хаштаг и можност за истражување со кликнување на тагирани/означени локации во храната за содржината Стори. Исто така, можно е директно да се напише името на објектот, градот или населбата на страницата Explore, а резултатите се прикажуваат на мапата.

Користењето налепници за локација на објавите и содржината на Стори ќе ја додаде таа содржина во списокот за пребарување на новата мапа, се додека профилот на корисникот е јавен. Визуелно, мапата користи икони на Инстаграм каде се наоѓаат атракции, што им овозможува на пребарувачите да кликнат и да ги гледаат Стори или да ја посетат страницата на профилот на бизнисите што ги интересираат.

Ова е уште еден чекор на Инстаграм да ја направи својата платформа центар за социјално вмрежување, трговија, патување и живот воопшто.

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА е белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје. 

Моментално ги има отворено овие работни позиции:

ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН
ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР
ЗАВАРУВАЧИ
ЕЛЕКТРИЧАРИ - ДЕЛОВИ
ИНСТАЛАТЕРИ - ОПШТИ МОНТЕРИ

Како и сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »