Македонскиот пасош е на 33-то место во светот и со него може да се патува во 124 земји без виза. Индексот на пасоши „Артон Капитал“, кој ги зема предвид пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и шест територии објави дека С. Македонија е на 33-та позиција.
Косово е на 82. место, а Србија на 25. место, затоа што нејзините граѓани можат да посетат 134 земји без визи, а Босна и Херцеговина е на 41. место (во 116 земји без виза).
Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со најмоќни пасоши, затоа што нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза.
Држави со најмоќни пасоши на европско тло се Германија и Шпанија (190 земји без виза), а зад нив се Финска, Италија и Луксембург со 189. Нов Зеланд и САД се на седмото место, веднаш до Белгија, Норвешка и Швајцарија. Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаби пасоши и можат да влезат во само 27 земји по поднесување на барање за виза.
Индексот за пасоши на „Хенли“, објавен на почетокот на оваа година покажува дека германскиот и јужнокорејскиот пасош се на второ место, а третото место го делат Финска, Италија, Луксембург и Шпанија, чии граѓани можат без виза да одат во 189 земји, а јапонскиот и тогаш беше на врвот.