Промовирани огласи »

Од владејаќката СДСМ преку соопштение порачаа дека над 76 милиони евра се обезбедени за следниот пакет антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза. 

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедуваме одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка и помош како за граѓаните, така и за компаниите, се наведува во денешното соопштение од СДСМ. 

И во време на глобална економска и енергетска криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики што го штитат стандардот на граѓаните, порачуваат од СДСМ. 

Промовирани огласи »

До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност со максимални температури до 40 степени, информираат од УХМР.

На предлог на Министерството за здравство, Владата во петок ја измени Одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури донесена во средата, со што препораката за ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, е продолжена да важи до 27 јули. Како што се посочува во владиното соопштение, од оваа одлука се изземаат хронично болните лица.

– Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година. Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, информираше владината прес-служба.

Според оваа одлука, во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот.

Препораките важат и за единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, за пружање помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, во регионите опфатени од топлотниот бран.

Исто така се препорачува, работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците.

Владата упати апел до јавноста и граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на одлуката од 22.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%, кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569% и кај мазутот зголемување за 1,311%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,383%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол,  пет за нерегистрирани возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »