Промовирани огласи »

Повеќето менаџери за човечки ресурси се загрижени за ефектите на инфлацијата врз нивните организации, вклучително и како инфлацијата ќе влијае на годишните зголемувања на платите за остатокот од 2022 година.

Големината на организацијата влијае на тоа дали е поверојатно да се земе во предвид инфлацијата при одредувањето на годишните зголемувања на платите.

Работодавците признаваат дека се потребни повисоки плати за да бидат во чекор со нивните ривали бидејќи работниците плаќаат повеќе за бензин, намирници и други дневни трошоци за живот. Како резултат на тоа, повеќе организации треба да нудат средногодишни покачувања и бонуси за задржување на вработените, за да можат да го ублажат ударот од инфлација со кои се соочуваат вработените.

Промовирани огласи »

На Фејсбук страницата „Технички преглед на возила“ се објавени неколку значајни совети за тоа како да го запрете автомобилот доколку една од гумите ви екс плодира при брзина која надминува 100 километри на час.

1. Прв совет: Кога „пука“ гума, обидете се да бидете што е можно помирни и цврсто држете го воланот со двете раце.

2. Втор совет: Што е најважно, држете го стапалото надвор од сопирачката, не ни помислувајте на тоа да кочите.

3. Совет број три: Останете во вашата сообраќајна лента и обидете се да не менувате лента, останете што е можно поиправени.

4. Четврти совет: Ако вашиот автомобил има рачен менувач, префрлете го постепено на помала брзина, НО САМО ако имате чувство дека автомобилот е целосно во ваша контрола.

Ако вашиот автомобил има автоматски менувач, останете во погонска брзина (D) – НЕ менувајте.

5. Совет пет: Не користете ја рачната сопирачка.

6. Шести совет: Кога брзината опаѓа на 50 километри на час, можете нежно да ги притиснете сопирачките додека автомобилот не застане.

Промовирани огласи »

Вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) од септември ќе земаат повисоки плати. 

Владата денеска на 65-та владина седница го задолжи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.

Промовирани огласи »

Хрватскиот мост Пелешац, кој го поврзува јужниот полуостров Пелешац со остатокот од земјата, официјално ќе биде отворен денеска.

Целиот проект, вклучувајќи ги пристапните патишта и купувањето земјиште од приватни лица, е во вредност од 525 милиони евра, од кои 357 милиони евра се обезбедени од грант од ЕУ.

Тоа е најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска, реализиран преку кофинансирање од ЕУ.

Мостот долг 2.400 метри го минува теснецот помеѓу селото Комарна на копното на земјата и селото Бриеста на полуостровот Пелешац.

Мостот ќе обезбеди директна патна врска помеѓу најјужниот дел на Хрватска и остатокот од земјата, кој во моментов е отсечен кај градот Неум, каде Босна и Херцеговина има пристап до Јадранското Море.

Објектот се состои од 13 делови, шест армирано-бетонски столбови од 33 метри и четири ленти.

Дизајнот на мостот е дело на словенечкиот инженер Марјан Пипенбахер, а изградбата ја изврши компанијата China Road and Bridge Corporation.

Кинеската компанија го доби договорот за изградба во 2018 година по цена од околу 2 милијарди куни (265 милиони евра) и рок од 36 месеци, а градежните работи официјално започнаа на 31 јули 2018 година.

Дизајнот на мостот им овозможува на бродовите пристап до босанското пристаниште Неум. Навигацискиот профил под мостот е договорен со група експерти од Босна и Херцеговина.

Изградбата на мостот и 25 километри пристапни патишта се завршени. До крајот на годинава остануваат да бидат завршени само осум километри од обиколницата Стон и пристапот до патот Д8, кој е дел од европскиот пат Е65.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »