Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници, следниот вторник, 2 Август ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Илинден е ден на Републиката, но и ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август.

Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.

Промовирани огласи »

Сопственици на десетина возила кои се одмор во Калитеа, на првиот крак од грчкиот полуостров Халкидики, утрово си ги најдоа автомобилите со искршени стакла и дупнати гуми, јавува порталот Фактор.

Најголем број од оштетените возила се со битолски регистрации паркирани до плажата во близина на холелот „Зевс“. Инцидентот бил пријавен и се чека на реакција на грчката полиција.

Промовирани огласи »

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж денеска изјави дека членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана се согласиле дека нема да има забрана за промет на основните прехранбени производи меѓу Србија, Албанија и Македонија, јави допсиникот на МИА од Белград.

Склучивме договор, кој сега се подготвува и ќе биде потпишан во Белград на следниот самит, веќе во септември, дека во рамките на „Отворен Балкан“ нема да има забрани за трговија со брашно, шеќер и основни прехранбени производи, дека ќе таргетираме капацитетите за складирање и производство во сите три земји, за да можеме да ја дефинираме подготвеноста да има слободен проток на стоки – рече Чадеж на РТС.

Тој додаде дека ваквиот договор ќе ги поттикне и стопанствениците да склучуваат долгорочни договори бидејќи го имаат зборот на државата дека нема да има прекини, а ја содржи и одредбата дека е забранет реекспорт, за да се спречат манипулации.

Чадеж додаде дека се укинуваат даноците и таксите за увоз и извоз со Албанија.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и ќе изнесува 94,00 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »