Промовирани огласи »

Никола Димитров: Премногу зачести употребата на „северномакедонци“

Ги повика институциите да реагираат поревносно

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, се огласи преку социјалните мрежи за користењето на терминот „северномакедонци“ и изрази загриженост дека овој термин премногу често започнал да се употребува од странски функционери во последно време.

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин „северномакедонци“ од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го поддржуваат Преспанскиот договор. Но, еден од двата клучни столба на компромисот на Преспанскиот договор, е токму самоопределувањето како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нешто што самиот Договор го гарантира. Со други зборови „Северна Македонија“ е можна само доколку во неа живеат Македонци, заедно со своите сограѓани и тоа така мора да се почитува, напиша Димитров.

За поранешниот вицепремиер за евроинтеграции тоа претставува навреда за Македонците и прекршување на правилата од Преспанскиот договор. Ги повика институциите поревносно да реагираат кога ќе се употреби овој, како што вели тој, измислен поим.

Затоа секоја употреба на терминот „северномакедонци“ освен што е навреда за Македонците е и подривање на Преспанскиот договор. Очигледно е потребен далеку посериозен фокус на нашата дипломатија за овој недвосмислен наратив да се промовира во меѓународните односи и да се превенира оваа појава бидејќи се чини дека во последниве месеци тоа никој не го работи. Тоа е недозволиво. Особено имајќи предвид дека во овој период една земја членка на ЕУ и наш сосед директно го негира токму македонскиот идентитет и јазик. Мора да се работи и проактивно, но и редовно и ажурно да се реагира на секоја погрешна употреба без исклучок се’ додека меѓународната пракса не биде целосно на линија со одредбите на Договорот, додава тој.

Промовирани огласи »

,,Мој ДДВ” ја зголемува сумата за исплата!

Од 1 јануари ќе се зголеми сумата за исплата на ,,Мој ДДВ” б

Директорката на УЈП за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.

Новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

Во меѓувреме, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Апликацијата има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

Тагови: Мој ДДВ

Промовирани огласи »

Јутјуб објави нова опција која се уште е во фаза на тестирање и моментално е достапна само за премиум корисниците – видео зум.

Тие ја нарекоа оваа функција Pinch за зумирање. Се користи што е можно поедноставно, со два прста притискате на екранот, на самото видео и потоа ги одделувате прстите или ги поврзувате, влечејќи по екранот, за да ја зголемите или намалите сликата.

Засега оваа функција за тестирање е достапна само за премиум корисниците кои ќе имаат можност да ја тестираат до 1 септември, кога ќе се одлучи дали ќе остане постојана.

Инаку, може да се најде кога ќе влезете во платформата, па одите во поставките и Пробајте нови функции, пишува Блиц.

Промовирани огласи »

Цените на храната во светот почнаа да се намалуваат

Ќе почнат ли да се намалуваат и кај нас?

Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули.

Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули, под влијание на падот на цените на житариците и растителното масло, објави денеска Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Откако го достигна највисокото ниво во март по почетокот на руската инвазија на Украина, индикаторот за цените на храната на ФАО, кој ги следи промените на меѓународните цени на кошницата со основни производи, падна за 8,6 отсто во јули во однос на претходниот месец, што претставува четврти последователен пад на цената.

Сепак, цените се уште се на високо ниво и во јули беа на 140,9 поени на индексот на ФАО, што е зголемување од 13,1 отсто на годишна основа во однос на јуни 2021 година, наведува агенцијата.

Главниот економист на ФАО, Максимо Тореро Кулен, го поздрави добредојдениот пад, особено во однос на пристапот до прехранбени производи. Сепак, тој предупреди дека бројните ризици продолжуваат да ја загрозуваат светската безбедност на храната, како што се рецесијата или зголемените цени на житарките и нивното потенцијално влијание врз производството и егзистенцијата на земјоделците, пренесе „Франс прес“.

Индикаторот на ФАО за растителни масла падна за 19,2 отсто во јули, на најниско ниво во последните 10 месеци, под влијание на падот на цените на сите масла и цените на суровата нафта.

Целиот текст е на Lokalno.mk

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »