Промовирани огласи »

Јутјуб објави нова опција која се уште е во фаза на тестирање и моментално е достапна само за премиум корисниците – видео зум.

Тие ја нарекоа оваа функција Pinch за зумирање. Се користи што е можно поедноставно, со два прста притискате на екранот, на самото видео и потоа ги одделувате прстите или ги поврзувате, влечејќи по екранот, за да ја зголемите или намалите сликата.

Засега оваа функција за тестирање е достапна само за премиум корисниците кои ќе имаат можност да ја тестираат до 1 септември, кога ќе се одлучи дали ќе остане постојана.

Инаку, може да се најде кога ќе влезете во платформата, па одите во поставките и Пробајте нови функции, пишува Блиц.

Промовирани огласи »

Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули.

Светските цени на прехранбените производи значително паднаа во јули, под влијание на падот на цените на житариците и растителното масло, објави денеска Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Откако го достигна највисокото ниво во март по почетокот на руската инвазија на Украина, индикаторот за цените на храната на ФАО, кој ги следи промените на меѓународните цени на кошницата со основни производи, падна за 8,6 отсто во јули во однос на претходниот месец, што претставува четврти последователен пад на цената.

Сепак, цените се уште се на високо ниво и во јули беа на 140,9 поени на индексот на ФАО, што е зголемување од 13,1 отсто на годишна основа во однос на јуни 2021 година, наведува агенцијата.

Главниот економист на ФАО, Максимо Тореро Кулен, го поздрави добредојдениот пад, особено во однос на пристапот до прехранбени производи. Сепак, тој предупреди дека бројните ризици продолжуваат да ја загрозуваат светската безбедност на храната, како што се рецесијата или зголемените цени на житарките и нивното потенцијално влијание врз производството и егзистенцијата на земјоделците, пренесе „Франс прес“.

Индикаторот на ФАО за растителни масла падна за 19,2 отсто во јули, на најниско ниво во последните 10 месеци, под влијание на падот на цените на сите масла и цените на суровата нафта.

Целиот текст е на Lokalno.mk

Промовирани огласи »

КроШу сè поблиску до вашата општина! 

Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ - подружница КШМК-Ил Илинден со 
интерактивна работилница во повеќе општини во наредниот период.  ​

Сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со работата на компанијата која веќе 10 
години е најголемиот работодавач во Македонија и регионот. ​

Оние кои сакаат може одблиску да се придружат на нивната работилница, да видат каков е 
принципот на работа и да добијат информации за компанијата и отворените работни позиции.​

КроШу караванот во наредните денови во посета на следните општини:​

06.08.2022 Сабота од 10:00 до 13:00 часот – Населба Автокоманда (трговски центар)​
06.08.2022 Сабота од 17:00 до 19:00 часот – Населба Автокоманда (Плоштад „Филип Втори”)​

09.08.2022 Вторник од 10:00 до 13:00 часот – Оштина Куманово (Плоштад „Нова Југославија“)​

10.08.2022 Среда од 10:00 до 13:00 часот – Општина Велес (Плоштад кај Основен суд)​

11.08.2022 Четврток од 10:00 до 13:00 часот – Населба Автокоманда (трговски центар)​
11.08.2022 Четврток од17:00 до 19:00 часот – Населба Автокоманда (Плоштад „Филип Втори”) 
​​
Ве очекуваме!

Промовирани огласи »

Инфлацијата ги испразна паричниците на граѓаните, со што семејствата, во нашата земја, сега мора да се издржуваат и да преживуваат на кредити, сиромашни трпези и минимална плата.

Според она кое граѓаните го коментираат на социјалните мрежи може да се запримети нивното незадоволство од оваа моментална состојба, револтот кој го имаат, како и стравот дали и колку долго можат да издржат со вакви услови за живот.

Инфлацијата не е проблем само во нашата земја, ова е глобална криза. 

Но за жал, стандардот на нашата земја е различен од оној  на западните земји, па така за тукашни услови оваа состојба е исклучително тешка. Ваквата состојба и македонската минималната плата, која едвај може да престигне за еден човек, а не да издржува четиричлено семејство, го прават живеењето во пост ковид-криза екстремно тешко за граѓаните.

ССМ вчера излезе со остра реакција кон ова. 

Претставниците на Владата од нивните удобни фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс, реагираат од ССМ. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »