Промовирани огласи »

Инфлацијата ги испразна паричниците на граѓаните, со што семејствата, во нашата земја, сега мора да се издржуваат и да преживуваат на кредити, сиромашни трпези и минимална плата.

Според она кое граѓаните го коментираат на социјалните мрежи може да се запримети нивното незадоволство од оваа моментална состојба, револтот кој го имаат, како и стравот дали и колку долго можат да издржат со вакви услови за живот.

Инфлацијата не е проблем само во нашата земја, ова е глобална криза. 

Но за жал, стандардот на нашата земја е различен од оној  на западните земји, па така за тукашни услови оваа состојба е исклучително тешка. Ваквата состојба и македонската минималната плата, која едвај може да престигне за еден човек, а не да издржува четиричлено семејство, го прават живеењето во пост ковид-криза екстремно тешко за граѓаните.

ССМ вчера излезе со остра реакција кон ова. 

Претставниците на Владата од нивните удобни фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс, реагираат од ССМ. 

Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ ќе поевтини за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цената на БС-98 ќе биде 94 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. 

Промовирани огласи »

Ван Хоол Македонија белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден

Моментално вработува:

СТОЛАРИ
МЕХАНИЧАРИ
ФАРБАР - ПРИПРЕМАЧ

Останатите огласи видете ги ОВДЕ!

М1 Киоск еден од најуспешниот малопродажен бренд,

Во моментов вработува:

BRAND MANAGER
М1 ГТЦ ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
М1 РУЗВЕЛТОВА, СКОПЈАНКА ПРРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ

Останатите огласи видете ги ТУКА!

Натура Терапи е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Во моментов има работна позиција за:

ОПЕРАТОРИ ВО CALL-CENTAR ЗА ПРОДАЖБА И ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ

Мајорел обезбедува корисничко искуство и задоволство во име на некои од најпочитуваните светски брендови. Обезбедува класична услуга на корисничка поддршка за бизнис клиенти, како и дигитални решенија во различни индустрии.

Моментално има работна позиција за:

CUSTOMER SERVICE REPRESENTATIVE GERMAN LANGUAGE

Компанијата за поддршка MediaTech нуди поддршка и мултимедијални услуги за независни уреднички тимови кои работат за водечките светски медиуми на англиски јазик, тие се дел од глобалниот тим кој има канцеларии во Виена, но лоцирани се во Скопје.

Во моментов имаат отворени позиции за:

SOCIAL MEDIA RESEARCHER
ILLUSTRATOR EDITOR
ENVIRONMENT CORRESPONDENT

Останатите огласи видете ги ТУКА!

Ааронс департмент компанијата е во сопственост на Велика Британија и работи во Македонија скоро 12 години во областа на компјутерството и информатиката.

Моментално вработуваат:

SOFTWARE DEVELOPERS

Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа.

Во моментов вработуваат:

FACILITY MANAGER
ХИГИЕНИЧАР/КА
ШЕФ НА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА

Останатите огласи видете ги ТУКА!

Magna International е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што го менуваат светот.

Имаат повеќе работни места за:

LABARATORY TECHNICIAN
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Останатите огласи видете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата. Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0).

Земјата е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор, порачаа надлежните. 

Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи.

Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски, порачаа од КЗБ. 

Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19, се наведува во соопштението од Комисијата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »