Промовирани огласи »

Големите спортски тимови кои успеваат имаат една заедничка работа - тимскиот дух. Тимски дух е кога група луѓе навистина се чувствуваат вложени во постигнувањето на целта заедно и се таму за да се поддржуваат едни со други. Восхитувачкиот тимски дух што го имаат многу спортски тимови може да се примени и на работното место.

1. Задолжително ангажирајте ги вистинските луѓе

Ако креирате средина каде тимскиот дух е централен, треба да започнете со процесот на вработување. Кога регрутирате нови членови на тимот, бидете внимателни и поставувајте прашања кои ќе се фокусираат на тоа дали кандидатот е тимски играч или не.

2. Инвестирајте во вградување

Ангажирањето талентирани луѓе е првиот чекор, нивното вклучување и помагањето да се пронајдат е најважниот втор чекор. Ова не е само за помагање на луѓето да дознаат за вашите начини на работа или каков софтвер користите - тоа е многу повеќе од тоа. Вклучувањето е витален начин да им помогнете на луѓето да им посакате добредојде, да им олесните во новата средина, да ги поучите за секојдневните обврски, да ги запознаете со нивниот тим и многу повеќе.

3. Користете работилници

Работилниците кои ги разгледуваат основните вредности на компанијата и зборуваат за градење тим може да бидат одличен начин да се поттикне тимскиот дух. Фокусирајте се на создавање на енергична работилница која ќе поттикне градење тим и поддршка.

4. Споделете пофалби и конструктивни повратни информации

Споделувањето на пофалби и повратни информации нека биде составен дел од дневните и неделните рутини. Користете внатрешна е-пошта или алатки за пораки за да споделите пофалби за достигнувањата и да ги препознаете вашите колеги на јавен начин.

5. Бидете инклузивни

Неверојатно важен начин да се поттикне тимскиот дух е да бидете сигурни дека сите на работното место се чувствуваат вклучени. Да се биде активно инклузивен на работното место може да биде толку едноставно како да се осигурате дека јазикот што го користите е инклузивен за да бидете сигурни дека групните активности се нешто во кое секој може да ужива. Со тоа што сите ќе се чувствуваат вклучени, ова ќе го поттикне тимскиот дух.

6. Потрудете се да организирате социјални настани

На слична нота, секој вид на социјален настан може да биде добар поттик за тимскиот дух. Запомнете дека овие настани не мора да се одржат само на крајот на годината, можете да организирате тимска сесија за поврзување и секоја втора недела.

Поттикнувањето на тимскиот дух може да има неверојатни долгорочни ефекти, вклучително и подобро задржување на вработените и благосостојбата. Со преземање на овие мали чекори ќе бидете на добар пат да создадете силен тим со неверојатен тимски дух. Целта треба да биде да го подобрите вашето работно место и да го подобрите тимот, за да се создатат заеднички цели, да си помагаат еден на друг да ги исполнат индивидуалните цели, да славт победи и да учат од неуспеси.

Промовирани огласи »

Рамстор Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет „Рамстор до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна
кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамстор има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги
препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. 

Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени.

Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети.

Моментално има отворено работни позиции за:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИТ

ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС, МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СКОПЈЕ

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ – СКОПЈЕ

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – ОХРИД

ОДГОВОРЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ НА СВЕЖО МЕСО

Доколку сакате да бидете дел од динамична компанија, која ги цени своите вработени и е свесна дека успехот е можен само со вистинскиот тим, аплицирајте на огласите.

Сеуште невработени?! Останатите активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Триесет и девет проценти од испитаниците опфатени во анкета на Агенцијата за електронски комуникации рекле дека малолетните лица во нивното домаќинство во просек поминуваат и повеќе од пет часа приклучени на интернет.

Приближно половина од испитаниците или 46,3 проценти знаат дека постои програма за родителска контрола која на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет. Од нив само 10,2 проценти имаат веќе инсталирано таков софтвер, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, околу 61 процент би инсталирале. Околу 10 проценти од испитаниците кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, знаат каде може да го најдат, стои во клучните наоди од Извештајот од испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисници на електронски услуги.

Во последните четири години, се наведува во наодите, се забележува тренд на раст во бројот на домаќинства каде интернет пристапот го користат и малолетни лица. Во 2022 година, дури 43,2 проценти од испитаниците одговориле дека малолетни лица користат интернет во нивното домаќинство, а кај дури 85,6 проценти од нив малолетните лица користат интернет секој ден.

Според испитувањето, бројот на корисници на услугата интернет во домаќинството  се зголемил од 79 проценти на 89 проценти во последните пет години. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, само 29,5 проценти ја знаат брзината на интернет конекцијата што треба  да ја обезбеди операторот, а од нив 76,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество податоци од интернет провајдерот.

Како што стои во наодите, во последните четири години има раст на бројот на испитаници кои се соочиле со некаков проблем при користење интернет во домаќинството, односно во 2022 година само 29 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството. Како најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (34,2 проценти), прекини/недостапност на услугата (30,6 проценти) и проблеми со техничката опрема.

Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 38,4 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и за 55,7 проценти од нив проблемот поради кој пријавиле бил отстранет истиот ден.

Околу 27 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот провајдер, а 30,7 проценти од испитаниците се изјасниле дека се потполно задоволни со одговорот кој го добиле од интернет провајдерот. Само 1,6 проценти од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот, се наведува во дел од клучните наоди од испитувањето.

Анкетата е спроведена од 13 април до 15 март годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници на возраст од 18 и повеќе години,  кај корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Примерокот е репрезентативен според белезите пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, во однос на официјалните статистички податоци во моментот на спроведување на истражувањето, достапни во Државниот завод за статистика – Податоците од пописот 2021.

Промовирани огласи »

Според даночните реформи, кои ги најави министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се плаќаат придонеси за договорите на дело, а ќе се воведе и данок на каматите на штедните влогови. Како што кажа Бесими, ако некој има заштеда од 100.000 денари со камата од 2 процента, приходот од камата ќе му биде 2.000 денари, а 10 проценти данок е 200 денари. Со реформите што треба да стартуваат од 1 јануари вгодина, се очекува да се слеат над 54 милиони евра годишно во државната каса од новите даноци.

Бесими вели дека дали ќе се воведува прогресивно оданочување или не ќе биде дел од јавната дебата. Според прогресивното оданочување, личниот доход над 90.000 денари треба да се оданочува со стапка од 18 проценти, но како што сега изгледа, оваа одредба може да се ревидира, одложи или пак прогресивен данок воопшто да не се воведе.

Министерот кажа дека основата на Концептот за даночната реформа е проширување на даночната основа преку повеќе измени во даноците на добивка, личен доход и додадена вредност, како и зелено оданочување, а тоа претходно ќе биде дискутирани и дебатирани со сите општествени чинители. Исто така, ќе се работи интензивно и на намалување на сивата економија и на подобрување на услугите во јавниот сектор.

Концептот за даночна реформа се заснова на Стратегијата за даночна реформа, кој е долгорочен, планиран и добро анализиран процес, односно дел од големата фискална реформа за СМАРТ или паметни јавни финансии. Со подобрувањето на наплатата на приходите ќе се обезбедат повеќе средства за развојни проекти на среден рок, додека на кус рок ќе има повеќе средства за антикризни мерки и заздравување на економијата, вели Бесими.

Како што напиша министерот во последната колумна, концептот на СМАРТ финансиите е сите да го плаќаме својот праведен дел.

Зборувам и за оние што се дел од формалната економија, но пред сè за формализација на неформалниот сектор, преку вклучување во системот на даночни обврзници. Ова е реално најисправниот начин за да обезбедиме средства за забрзување на економскиот раст, но и за тековни потреби, како на пример за антикризни пакети, без притоа да го зголемуваме јавниот долг, вели Бесими.

Суштина на предложената даночна реформа е праведно оданочување, проширување на даночната база и „зелено“ оданочување. Зеленото оданочување се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат загадувањето на животната средина. Главната цел е справување со загадувањето и со климатските промени и и заштита на природните ресурси.

Како што вели Бесими, кај данокот на додадена вредност, потребно е натамошно зајакнување на основните принципи на неутралност и конкурентност, преку стеснување на листата на добра и услуги за кои се применува повластена стапка, како и оданочување на определен промет. Исто така, потребно е допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници за правото на одбивка на претходен данок, што ќе овозможи поголема правна сигурност за даночните обврзници, поголема ефикасност во спроведување на контролата и во прибирањето на даночните приходи од страна на даночната администрција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »