Промовирани огласи »

Фан клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија се солидаризира со навивачите од странство кои не можат да најдат сместување во Скопје или пак, нивните хотелски резервации биле изненадно откажани. 

Поради тоа што живееме во прилично мизерно општество кое сака да заработи брзи и лесни пари соочени сме со голем проблем кој ги засега сите странски фанови на Манчестер Јунајтед кои сакаат да допатуваат за Супер Купот.

Се работи за тотално неоправдано откажување на резервациите за сместување, уредно направени во нашите хотели, хостели и слични угостителски објекти (тука спаѓаат и приватните изнајмители на сместувања) со само една цел, да останат собите слободни и да бидат потоа понудени со ДАЛЕКУ ПОВИСОКА цена.

Еден куп навивачи од Англија останаа без сместување откако им беше откажан од страна на самите хотели или приватни изнајмувачи. Голема група на навивачи од Словенија ја имаат истата судбина каде резервации направени пред подолг период, пред некој ден без објаснување им се откажани.

Во двата сличаи, собите од веќе наредниот ден се "продаваат" по 10-20 пати повисоки цени.

Дел од нив веќе се снајдоа и ќе спијат во Софија, дел во Белград, дел во Грција, а ќе дојдат само за натпреварот. Во градов не им се стапнува повеќе, се вели во објавата на фан клубот на Манчестер Јунајтед од Македонија.

Повикот на навивачите веќе вроди со плод па така голем број на луѓе се понудија бесплатно да сместат странски гости во своите домови за да им овозможат на навивачите на Манчестер да го проследат Супер купот во Скопје против Реал Мадрид.

Инаку цените на хотелското сместување во Скопје за деновите во август кога се игра фудбалскиот спектакл се неколкукратно повисоки во однос на вообичаеното.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на средбата со претседателот на Европската енергетска заедница, Јанез Крпач, ја расчистил дилемата во јавноста околу евтината тарифа за електрична енергија и постигнал договор како да се воведе, истовремени исполнувајќи ги сите стандарди кои што се барани од Европската унија.

Евтината тарифа на струјата е мерка што беше во предизборната програма на владејачката партија и воедно дел од програмата на оваа влада. Беше кажано дека ќе се воведе евтина тарифа во текот на дневните часови. Вие знаете дека евтината тарифа денеска е само во недела и во текот на ноќните часови. Таа ќе биде воведена и во текот на дневните часови во период од 2 часа, како и во сабота за која ќе важи истото како за секој друг работен ден. Односно евтината тарифа ќе се врати на истиот начин како што граѓаните на Македонија ја знаеја во претходните години, наназад со децении, најави Ангушев.

Промовирани огласи »

Малта, Рим и Ваксјо, Швајцарија се трите нови дестинации кон кои ќе се воспостави директна авионска линија од скопскиот аеродром.

ТАВ Македонија и авиокомпанијата „Виз ер“ денеска ќе го означи отпочнувањето со летовите на овие три нови авиолинии.

„Виз ер“ го почна првиот лет од Македонија во јуни 2011 година и нуди 29 линии до 13 земји.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal и ќе ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal, соопштија од иницијативата која се покрена на почетокот од месецот. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку PayPal. 

Добро е да се почне со PayPal бидејќи овој сервис е широко распространет, нуди сигурност на купувачите и со тоа македонските производи и услуги стануваат поатрактивни, и може да се продава дури преку електронски пораки,  изјави Венко Глигоров, водач на иницијативата за PayPal и управител на Логин Системи.

На македонскиот претприемач треба да му биде едноставно и ефтино својот производ или услуга да ги понуди на светскиот пазар. Десетте најпопуларни веб решенија за електронска трговија во светот имаат можност за сервисот PayPal. Покрај воведувањето на услугата, институциите може да направат популаризација за овие можности во македонската економија, додаде тој.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, присуствуваа претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за Економија и Информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија.

Од иницијативата велат дека банките покажале спремност за воведување на оваа услуга. Регулативата на Народната банка на РМ нема ограничувања за користење на PayPal за продажни места во Македонија. И од Министерството за економија потврдиле дека регулативата не спречува продажба и користење на PayPal за уплати.

Бидејќи македонската валута ја нема на листата на валути во PayPal, истакнувањето на цените на продажните места најверојатно би било во евра. Со тоа би се создала евентуална пречка за користењето на PayPal во рамките на Македонија помеѓу македонските резиденти (субјекти). Затоа, ако не се смени дел од регулативата за девизен режим, PayPal прво би се користел за прием на пари при продажбата на странските граѓани и фирми2, појаснуваат од иницијативата.

На средбата сите ја истакнале потребата Македонија да се отвори и за другите платежни сервиси како Страјп (Stripe), Скрил (Skrill) и други.

PayPal е корисна работа за сите и Мининстерството за финансии ќе се заложи PayPal да се воведе во Македонија, изјави Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии.

Иницијативата за PayPal за продажни места ја побараа преку 1000 физички и правни лица и таа беше доставена до Министерството за финансии на 29 јуни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »