Промовирани огласи »

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal и ќе ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal, соопштија од иницијативата која се покрена на почетокот од месецот. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку PayPal. 

Добро е да се почне со PayPal бидејќи овој сервис е широко распространет, нуди сигурност на купувачите и со тоа македонските производи и услуги стануваат поатрактивни, и може да се продава дури преку електронски пораки,  изјави Венко Глигоров, водач на иницијативата за PayPal и управител на Логин Системи.

На македонскиот претприемач треба да му биде едноставно и ефтино својот производ или услуга да ги понуди на светскиот пазар. Десетте најпопуларни веб решенија за електронска трговија во светот имаат можност за сервисот PayPal. Покрај воведувањето на услугата, институциите може да направат популаризација за овие можности во македонската економија, додаде тој.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, присуствуваа претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за Економија и Информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија.

Од иницијативата велат дека банките покажале спремност за воведување на оваа услуга. Регулативата на Народната банка на РМ нема ограничувања за користење на PayPal за продажни места во Македонија. И од Министерството за економија потврдиле дека регулативата не спречува продажба и користење на PayPal за уплати.

Бидејќи македонската валута ја нема на листата на валути во PayPal, истакнувањето на цените на продажните места најверојатно би било во евра. Со тоа би се создала евентуална пречка за користењето на PayPal во рамките на Македонија помеѓу македонските резиденти (субјекти). Затоа, ако не се смени дел од регулативата за девизен режим, PayPal прво би се користел за прием на пари при продажбата на странските граѓани и фирми2, појаснуваат од иницијативата.

На средбата сите ја истакнале потребата Македонија да се отвори и за другите платежни сервиси како Страјп (Stripe), Скрил (Skrill) и други.

PayPal е корисна работа за сите и Мининстерството за финансии ќе се заложи PayPal да се воведе во Македонија, изјави Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии.

Иницијативата за PayPal за продажни места ја побараа преку 1000 физички и правни лица и таа беше доставена до Министерството за финансии на 29 јуни.

Промовирани огласи »

LG конечно го претстави малиот LG Q6, кој е првиот модел од Q-серијата од средна класа, нудејќи добар телефон со конкурентна цена. Главна предност е неговиот инвентивен FullVision дисплеј , со тенки алуминиумски рамки.

LG Q6 доаѓа во три варијанти: Првиот е со 5.5-инчен дисплеј со FHD+ резолуција и 1080 x 2160 пиксели, 8 јадрен Snapdragon 435 процесор, и Adreno 505 графички процесор. LG Q6+ има 4GB RAM/64GB меморија и достапен е во Astro Black, Ice Platinum и Marine Blue бои. LG Q6 доаѓа со 3GB RAM/32GB меморија и боите: Astro Black, Ice Platinum, Mystic White и Terra Gold. LG Q6a (стилизираниот Q6α) има 2GB RAM/16GB меморија и достапен е во Astro Black, Ice Platinum и Terra Gold боја.

Сите три верзии на LG Q6 се со 13MP задна камера и 5MP предна камера, што снимаат под агол од 100 степени. Модулот за снимање во коцка овозможува да правите колаж од слики, направен од неколку коцки. LG Q6 телефоните имаат Android 7.1.1 оперативен систем, со LG UX 6.0 кориснички интерфејс, кој има технологија за препознавање на лицето, со што по брза постапка го отклучува телефонот. Капацитетот на батеријата изнесува 3000mAh, што значи дека е доволно за да го држи телефонот вклучен цел ден.

LG Q6 доаѓа во Европа во август, за кого се уште цената е непозната, но прогнозираме дека нема да биде висока.

Промовирани огласи »

Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој потенцираше дека со ребалансот се скратени голем број непродуктивни трошоци, при што најголемиот број кратења се во кабинетот на премиерот каде се откажани сите пропагандни кампањи.

Според Манчевски, обезбедено е финансирањето за сите ветувања дадени пред граѓаните до крајот на годината.

Промовирани огласи »

Група студенти од утрово се собираат пред канцеларијата на агенција за посредување при работа во Скопје и бараат да им бидат вратени парите што ги дале за да заминат на студентска работа во Германија.

Стотина од нив, велат, агенцијата „Венера Кемаловски“ треба да им врати околу 250 евра, кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во бутиците „Зара“, но покрај нив парите назад (како што велат, околу 150 евра) ги бараат и други студенти кои требало ова лето да работат во рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и др.

Револтираните студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите, но сè уште нема ништо од ветувањето, па денеска самоиницијативно се договориле преку социјалните мрежи да се соберат пред просториите на агенцијата во Скопје.

Се договоривме денеска околу 12.30 часот да се собереме. Веќе се собравме неколку студенти. Од утрово само јас му вртев точно 27 пати на газдата но не се јавува – вели еден од студентите.

На вратата на агенцијата, пак, пишува дека вработените се на годишен одмор иако вчера ги контактирале телефонски студентите кои требало да работат во „Зара“, за да дојдат да си ги побараат парите назад.

Утрово до медиумите пристигна и писмо од револтиран студент во кое тој ја опишува неговата и приказната на неговите другари за нивната наводна работа во Германија. Во продолжение писмото ви го пренесуваме во целост:

Јас сум студент кој аплицираше за работа во Германија (Burger King) преку агенцијата за посредување при вработување Венера Кемаловски (агенцијата е со седиште во Битола, а има свои канцеларии и во Скопје, Струмица и Штип). Аплициравме заедно група од 7 студенти, при крајот на јануари годинава, во канцеларијата во Штип. Не викнаа на интервју на 8 февруари во Штип, во просториите на агенцијата. По интервујто, ни кажаа дека сите 7 од нас го имаме поминато интервјуто и потпишавме договор со агенцијата, неколку минути по завршувањето на интервјуто. Притоа, ни кажаа дека за апликативни трошоци, треба да платиме по 1.500 денари. Парите ги плативме НА РАКА и за истите не ни беше издадена фискална сметка. Ни рекоа дека бидејќи интервјуто ни е успешно поминато, само треба да ги однесеме потребните документи и нашето заминување на работа во Германија е веќе сигурно и обезбедено. Датумот на кој ни рекоа дека најверојатно ќе започнеме со работа во Германија беше 15 јуни.

Откако ги однесовме потребните документи, за кратко време не известија дека ќе треба да одиме на уште едно интервју во агенцијата во Штип. Иако првично не беше предвидено, отидовме и на тоа дополнително интервју, после кое ни беше кажано дека ниеден од нас нема доволно познавања од германски јазик, па сите ќе мораме да уплатиме по 3.900 денари на сметка на агенцијата Венера Кемаловски, а тие преку онлајн-курс ќе не научат германски јазик. Направивме како што ни кажаа, уплативме по 3.900 денари, а за доказ ни побараа да им пратиме слика од уплатницата на мејл или на некој од фб-профилите на агенцијата ( ги имаат неколку).

Како што одминуваше времето, од агенцијата ни бараа и дополнителни документи, кои претходно не беа предвидени. Покрај тоа што бараа студентски легитимации преведени на германски и заверени на нотар, ни бараа и некои помалку чудни работи, како на пример Уверение за неосудуваност?! Колку и да беа чудни некои од барањата, не се противевме и сите ние седуммина редовно и уредно ги извадивме сите документи кои ни ги бараа од агенцијата ( а кои на нив им ги бараат од Германија, заради одредени причини). Вадевме документи, преведувавме, заверувавме на нотар, се разбира се тоа на наш трошок ( иако првично непредвидено).

Од агенцијата ни кажаа и дека од причини што сме голема група, нема да работиме во ист ресторан, туку ќе не поделат во две групи, четворица од нас ќе бидат во едната, а другите тројца во другата група. Едната група би работела во еден ресторан во еден град, а другата во друг град. Без никакво негодување се согласивме и со ова. За кратко време, на четворицата кои беа во едната група им се јавија од агенцијата и им кажаа дека одредени документи им се згрешени и дека треба повторно да ги извадат и повторно да ги однесат. Ова беше доста сомнително и дискутабилно, затоа што сите документи ги вадевме заедно, како група и се беше исто за сите седуммина. Но и покрај тоа, без противење, се што требаше беше повторно извадено и секако на наш трошок беше повторно однесено во агенцијата.

Кога веќе наближуваше 15 јуни, датумот кој од агенцијата беше посочен како датум на кој ќе почнеме со работа во Германија, од агенцијата почнаа да не се јавуваат на нашите повици. Неколку дена пред 15, бевме известени дека работните дозволи доцнат и најверојатно нема да стигнат до 15, а без нив не можеме да почнеме со работа. На нашите прашања зошто е тоа така, тие одговараа дека има промени во законите во СР Германија, за кои тие биле известени со задоцнување. Иако прашувавме, не добивме одговор кој е законот кој е изменет.

Од агенцијата продолжија да одбегнуваат да одговараат на телефонските повици, како и на пораките на фејсбук. Оттогаш вработените се помалку не известуваа за новостите, а палката ја презеде сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски. Лично тој не уверуваше дека вината е во Германија, а не во неговата агенција и лично тој не уверуваше дека работните дозволи ќе ни стигнат најдоцна до 30 јуни, така што ќе можеме да започнеме со работа од почетокот на јули.

Кога видовме дека од агенцијата повеќе не одговараат на повиците, започнавме што почесто да одиме лично во канцелариите и да бараме одговори на прашањата кои некој мораше да ни ги одговори: зошто сеуште немаме добиено работни дозволи, каде е проблемот и ќе добиеме ли воопшто работни дозволи?

Така, еден ден (8ми јуни) во фејсбук-групата во која членувавме сите студенти, како и сопственикот и вработените во агенцијата, и која служеше како место на кое ги добивавме сите новости и информации, сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски постираше објава која само по неколку секунди ја избриша. Најверојатно затоа што местото не и беше за групата во која членуваме и студентите, туку пораката беше наменета само за вработените. Имено, во таа порака тој им дава насоки на вработените, како да постапуваат и како да не лажат, затоа што „сезоната била започната и дневно ќе се соочувале со многу револтирани странки.

Понатаму, тој им вели на вработените: на оние странки кои им се сомнителни, да им наплаќаат со фискален апарат, а сите други да плаќаат на рака.

Се обидовме да го прашаме сопственикот што значи тоа, но тој секој наш коментар, секое наше прашање и секоја наша објава во групата поврзани со таа објава ги бришеше за неколку секунди. После тоа, на групата беше забрането да се коментира на секоја негова објава, а ние не можевме да објавуваме, туку само да читаме што тој објавува. Во приватни пораки на фејсбук, сопственикот дури и се закануваше дека ако се објавува за таа негова порака, ќе настанат конфликти.

На 21 јуни, сопственикот Емран Кемаловски објави дека се стигнати СИТЕ работни дозволи и дека секој од нас поединечно ќе бидеме повикани во канцелариите на агенцијата и ќе си ги подигнеме дозволите, по што можеме да работиме. Но по само 2 дена, одреден број од нас ( по 1-2 од речиси секоја група) бевме телефонирани од вработени во агенцијата и ни беше кажано дека и покрај објавата на сопственикот, нашите дозволи не се стигнати. Стигнати се само неколку, а за останатите треба да се почека “одреден период”. Кога го прашавме сопственикот колкав е тој период, тој рече дека за 3-4 дена се ќе се реши и сите дозволи ќе пристигнат. На 26 јуни, во телефонски разговор, сопственикот не извести двајца од нашата група дека сме одбиени, нема да добиеме дозволи и нема да работиме. На прашањата како и зошто тоа се случило, која е причината за тоа, тој само кратко и дрско одговори дека нема причина и дека ние едноставно нема да работиме во Германија. Нашата судбина ја делат уште многу студенти, а иако сопственикот Емран Кемаловски лично вети на 27 јуни дека парите кои ги имаме дадено во целата постапка (трошоците за сите документи, курсеви, обуки) а кои изнесуваат над 10.000 денари ќе ни бидат вратени за ДВА ДЕНА, сепак парите до денес сеуште не се вратени“, пишува студентот.

Извор - Плус инфо

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »