Промовирани огласи »

Шефот на SpaceX и Tesla, Елон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата.

Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание China Cyberspace. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап Neuralink.

Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, на неговиот блог.

Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони, напиша милијардерот.

Наведено е дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.

Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.

Маск заклучува дека технологиите на неговите компании Tesla, SpaceX и Neuralink заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“.

Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија Neuralink до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.

Промовирани огласи »

Статистиката на „Радио Слободна Европа“ покажува дека цената на лебот (во период од јули 2021 и 2022 година) најмногу се зголемила во Црна Гора, и тоа за 50 отсто.

Косово е на второто место со зголемување од 39 отсто, додека Македонија го дели третото место со БиХ (35 отсто).

Во Србија поскапувањето изнесува 24 отсто, додека во Албанија 20 проценти.

Сепак, иако лебот во Македонија не е поскапен најмногу, во моментов, тој е најскап во регионот. Неговата цена е 0,81 евро или 50 денари.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство се намалија за два денари.

Цените на дизел горивото и мазутот останаа непроменети. Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

Со потпишување Договор помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ и со поставување камен темелник во ТИРЗ Тетово, денеска е означен почетокот на новата инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира прв пат во Република Северна Македонија.

Станува збор за фабрика која е предиведено да се гради на 60 илјади метри квадратни, во која треба да има скоро 900 работни места и инвестиција од 130 милиони евра.

По само 18 месеци ја имаме втората инвестиција над 100 милиони евра. Покажавме дека Северна Македонија повеќе не е земја на евтина работна сила туку на мапата земји кои имаат капацитет и услови за големи инвестиции. Само од почетокот на годинава имаме постигнато договори за инвестиции со обем од 370 милиони евра. Со вакво темпо очекувам до крајот на годинава да ја достигнеме границата од половина милијарда, истакна директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање на настанот.

Али Везваеи, претседавач на бордот на компанијата e.GO  во своето обраќање рече дека овој договор е уште една клучна цел во стратегијата за глобален раст на e.GO

Ја нагласува внатрешната вредност на нашата иновативна технологија и пристап. Навистина сме возбудени што ќе го прошириме нашиот производствен отпечаток во Република Северна Македонија, следејќи го нашиот напредок во Бугарија претходно оваа година. Нашиот стратешки фокус во Југоисточна Европа се заснова на нашето верување во конкурентниот екосистем на регионот, атрактивна инвестициска клима и пристап до поттикнат и талентиран човечки капитал, истакна Везваеи.

Министерот за финансии порача дека ваквите глемите инвестиции имаат ефект на снежна топка.

Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции, како странски, така и домашни. Тие креираат нова вредност, го јакнат извозот преку промената на неговата структура кон производи со поголема додадена вредност, креираат нови работни места и влијаат кон забрзување на економската активност и економскиот развој. Нашата определба како Влада е да ги поддржиме и промовираме странските инвеститори кои ќе можат да го обезбедат овој ефект и кои пред сè ќе донесат придобивки за нашите граѓани, домашните фирми и економијата, порача во своето обраќање министерот Бесими.

На настанот се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој говореше за придобивките од инвестицијата која се очекува да донесе нови технологии и знаења од автомобилската индустрија кои ќе бидат значајни за развој на индустриското производство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »