Промовирани огласи »

KARIERA.mk воведе нова услуга за компаниите за експресно промовирање на огласите за вработување. Отсега компаниите кои немаат годишни пакети, а повремено им е потребно да објават оглас за отворени работни позиции, ќе имаат можност да го промовираат огласот со он-лајн плаќање.

По внесувањето на огласот, за да се зголеми видливоста на огласот и бројот на апликантите, огласот може да се промовира на повеќе начини: да трае подолго, да биде споделен и промовиран на фејсбук, да биде испратен во newsletter, да биде прикажан на почетната позиција на сајтот со лого на компанијата и сл. Сите овие услуги веднаш може да се платат со картичка.

Промовирани огласи »

Galaxy S8 беше критичен уред за Samsung поради својот изглед и спецификации, но, за среќа, со голема популарност. Пролемот е што таа популарност многу брзо почна да опаѓа...

Изгледа дека продажбата на S8 опаѓа побрзо од очекуваното. Во последниов месец, биле продадени само 9.8 милиони единици, додека од минатогодишниот S7 биле продадени 12 милиони за истиот период. 

Токму поради тоа, стратегијата на компанијата е да го претстави Note 8 порано од очекуваното, односно на почетокот од септември. Овие информации доаѓаат од твитерџијата Evan Blass, кој прво сметаше дека продажбата на уредот ќе започне при крајот на септември, ако не и подоцна.

Другата причина за поранетото претставување, е поочигледна. Сигурно сте запознаени со толку зборуваниот iPhone 8. чие најававување е закажано за септември, па токму поради тоа, Samsung мора да ја припреми неговата конкуренција.

Промовирани огласи »

Фан клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија се солидаризира со навивачите од странство кои не можат да најдат сместување во Скопје или пак, нивните хотелски резервации биле изненадно откажани. 

Поради тоа што живееме во прилично мизерно општество кое сака да заработи брзи и лесни пари соочени сме со голем проблем кој ги засега сите странски фанови на Манчестер Јунајтед кои сакаат да допатуваат за Супер Купот.

Се работи за тотално неоправдано откажување на резервациите за сместување, уредно направени во нашите хотели, хостели и слични угостителски објекти (тука спаѓаат и приватните изнајмители на сместувања) со само една цел, да останат собите слободни и да бидат потоа понудени со ДАЛЕКУ ПОВИСОКА цена.

Еден куп навивачи од Англија останаа без сместување откако им беше откажан од страна на самите хотели или приватни изнајмувачи. Голема група на навивачи од Словенија ја имаат истата судбина каде резервации направени пред подолг период, пред некој ден без објаснување им се откажани.

Во двата сличаи, собите од веќе наредниот ден се "продаваат" по 10-20 пати повисоки цени.

Дел од нив веќе се снајдоа и ќе спијат во Софија, дел во Белград, дел во Грција, а ќе дојдат само за натпреварот. Во градов не им се стапнува повеќе, се вели во објавата на фан клубот на Манчестер Јунајтед од Македонија.

Повикот на навивачите веќе вроди со плод па така голем број на луѓе се понудија бесплатно да сместат странски гости во своите домови за да им овозможат на навивачите на Манчестер да го проследат Супер купот во Скопје против Реал Мадрид.

Инаку цените на хотелското сместување во Скопје за деновите во август кога се игра фудбалскиот спектакл се неколкукратно повисоки во однос на вообичаеното.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на средбата со претседателот на Европската енергетска заедница, Јанез Крпач, ја расчистил дилемата во јавноста околу евтината тарифа за електрична енергија и постигнал договор како да се воведе, истовремени исполнувајќи ги сите стандарди кои што се барани од Европската унија.

Евтината тарифа на струјата е мерка што беше во предизборната програма на владејачката партија и воедно дел од програмата на оваа влада. Беше кажано дека ќе се воведе евтина тарифа во текот на дневните часови. Вие знаете дека евтината тарифа денеска е само во недела и во текот на ноќните часови. Таа ќе биде воведена и во текот на дневните часови во период од 2 часа, како и во сабота за која ќе важи истото како за секој друг работен ден. Односно евтината тарифа ќе се врати на истиот начин како што граѓаните на Македонија ја знаеја во претходните години, наназад со децении, најави Ангушев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »