Промовирани огласи »

Перцепцијата за што се подразбира под баланс не е иста кај секој човек, за некого потребно би било денот да трае повеќе од 24 часа за да може да ги избалансира работните обврски со личниот живот, а за други пак перцепцијата е тотално различна. 
Се разбира, работата е она кое ни помага да си ги платиме сметките, да имаме доволно средства не само за да го преживееме месецот туку и да си ги обезбедиме оние работи кои не прават среќни. 

Па затоа, потребно е сами да дефинирате што ве прави среќни, дали тоа е исклучиво материјалното или пак, најблиските - семејството и пријателите?

Неколку совети за постигнување на баланс:

  • Поделете го вашето вкупно време на време за работа и време за самите вас и вашето семејство.
  • Креирајте листа на врвни приоритети.
  • Не се замарајте со активности однизок приоритет.
  • Користете тајмер и аларм кој ќе ве потсети да запрете со работата за денес.
  • Користете ист планре на работни и неработни активности. Нека левата страна биде за работни активности, а десната страна за неработни активности.
  • Направете распоред за следната недела. Можете да ги одговорите 10-те прашања кои треба да се прашате себеси пред започнување на следната недела.
  • Делегирајте се што може да биде завршено од страна на другите.
  • Ветувајте го само она што можете да го испорачате и за семејството.
  • Јасно дефинирајте што се очекува од вас за вашата компанија и вашето семејство.
  • Започнете да го слушате вашето тело тоа најдобро знае што можете а што не.

Менаџирање на балансот на работата и животот е нешто што може да го елиминира стресот и да го подобри севкупниот живот. Ова значи дека вие ќе мора да го менаџирате вашето време, да ги планирате вашите активности, да ги разберете приоритетите и да знаете што ве задоволува.

Промовирани огласи »

Утре се очекува да биде донесена нова одлука за кризна состојба во делот на енергетиката која ќе важи од 1 септември. Според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период, доколку се се одвива според планираното. Од 1 септември стапуваат во сила и мерките за штедење на струја што ги донесе Владата, а кои ќе важат до 31 март во 2023 година. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција неодамна, рече дека не очекува да има рестрикции, ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Како што соопшти, се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и на Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето.

Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, рече Бектеши на заедничката прес-конференција со директорот на ЕСМ на која беа објавени мерките за штедење на електрична енергија.

Според генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, компанијата работи со максимален капацитет и потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство. Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола.

Блок 3 во РЕК Битола е во застој заради изгорен трансформатор од надворешно влијание во текот на декември минатата година и јануари годинава. Во моментов постојниот трансформатор се наоѓа на сервисирање во Белград, а истовремено извршена е и јавна набавка за купување на нов трансформатор што не е направено 40 години од пуштањето во работа на РЕК Битола. Очекуваме на крајот на септември или на почетокот на октомври еден од трансформаторите да пристигне и на крајот на октомври да бидеме во полна капацитетност со РЕК Битола за да може еден од блоковите да влезе во краток ремонт, рече Ковачевски на неодамнешната прес-конференција во Владата.

Во функција ќе биде ставен и РЕК „Осломеј“ кој се очекува да работи со полн капацитет во текот на грејната сезона.

Токму затоа се вршат и дополнителни набавки на јаглен и за РЕК Осломеј за да може и овој важен капацитет за сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем да работи во полна кондиција и со полно производство во текот на грејната сезона, рече Ковачевски.

Во следните денови се очекува Владата да ги објави и јавните повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија откако на БЕГ и беа одземени лиценците за работа.

Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија, соопшти вчера владината прес-служба по седницата на Владата.
На 16 август, Владата ги објави и мерките за заштеда на струја до 15 проценти кои ќе важат до март следната година. За домаќинствата и за компаниите, тие се во вид на препораки, додека за државните институции има конкретни задолженија што ќе мора да ги испочитуваат, а во спротивно ќе следат санкции.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење, климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се дел од препораките за државните институции.

Според министерот за економија, сите треба да придонесеме за заштеда на електричната енергија, а пример треба да бидат државните институции.

Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, рече Бектеши на прес-конференцијата минатиот вторник.

Промовирани огласи »

Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, изјави за ТВ 24 првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски. 

Рестрикции на струја не се опција, тврди тој.

Вели дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години. Ковачевски кажа дека располагаат со ограничени ресурси, ги спомена количините на јаглен, квалитетот, хидрологијата. 

Промовирани огласи »

Жарко Пејановиќ е победник на 12-тиот натпревар во лежење, кој традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.

Пејановиќ издржал 60 часа лежење и освои 350 евра за трудот, рафтинг, викенд во етно селото, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу спонзорски награди.

Не беше тешко. Верувајте ми, дури не се ни загреав, изјавил тој.

Кога друштвото доаѓа да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога доаѓа нечие семејство, тешко е да не станете, објасни тој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »