Промовирани огласи »

До крајот на годината цената на гасот во Европа може да се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. Таква прогноза денеска објави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев претходно објави дека во Европската унија „синото гориво“ до крајот на годината може да достигне цена од 4.000 евра за илјада кубни метри.

Цената на гасот во Европа вчера ја надминаа бројката од 3.500 долари за илјада кубни метри, првпат од 8 март. 

Промовирани огласи »

Според препораката на Владата од одржаната седница, банките преку филијалите и експозитурите треба да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

Од 30 август ќе почне исплатата на августовските пензии. Исплатата ќе се врши во четири групи до 2 септември.Пензиите до 11 илјади денари ќе се исплаќаат на 30 август, пензиите до 14 илјади денари на 31 август, пензиите до 18 илјади денари на 1 септември, а исплатата на пензиите над 18 илјади денари ќе се врши на 2 септември

Промовирани огласи »

Таму каде што во употребата се стандардот на ИСО класификациите, секаде за земјава се користат кратенките МК или МКД, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за наводна употреба на кратенката НМК за земјава во Советот на Европа.

Пример ќе ви го кажам случајот во НАТО. Во НАТО секаде е МКД. Но, при сликањето при распоредување, правилото е да се користи правата буква на државата и таму стои НМК на местото каде што се сликаат министрите. Затоа што такво е правилото. Треба да се смени распоредот на седење. Меѓутоа во документите каде што во употреба е ИСО класификацијата, секогаш е МКД. Така е и во Советот на Европа, така е и во секоја организација – истакна Османи.

Според него, не смееме да отвораме прашања, кои што се затворени, бидејќи кодовите на земјава се МК и МКД.

Неформалните места на распоредување на столчиња, дали ќе биде по првата буква и дали ќе седите до Норвешка или до Монтенегро (Црна Гора), е прашање кое е неформално и не е уредено со никакви регулативи – додаде Османи.

Во однос на тврдењето дека на табла на влезот во Советот на Европа била наведена кратенката НМК, Османи истакна дека ќе биде проверена ваквата информација.

Официјалната кратенка е МКД и само таква може да биде и никаква друга – потенцира Османи.

Промовирани огласи »

Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на МВР, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Т.н. боди-камери претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата – ги исклучивме човечките субјективности на кои сме научени со години наназад – наведува Спасовски во објавата.

Тој потенцира дека системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.

Продолжуваме со процесите на дигитализација и сузбивање на корупција, заедно со нашите партнери САД, коишто ја овозможија оваа вредна донација од еден милион и шеесет и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на САД – додава Спасовски во објавата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »