Денес, Калифорнија донесе одлука да ја прекине продажбата на автомобили напојувани од фосилни горива.
Со таа одлука CARB (California Air Resources Board) ќе ги потврди претходните најави дека Калифорнија се издвојува како лидер во САД кога е во прашање електрификацијата на возниот парк, а со тоа и намалувањето на емисиите на гасови.
![](/uploads/articles/2 - Copy 200.jpg)
Според оваа одлука, од 2035 година ќе биде забранета продажбата на нови автомобили со погон на бензин или дизел гориво.
![](/uploads/articles/3 - Copy 206.jpg)
Земајќи го предвид просечниот животен век на еден автомобил од 15 години, се очекува дека до 2050 година патиштата во Калифорнија ќе бидат исчистени од автомобили на бензин и дизел.
![](/uploads/articles/4 - Copy 191.jpg)
Дотогаш, сите бензински пумпи ќе бидат избришани и ќе им отстапи место на EV- полначите и на станиците за полнење водород, пишуваст светските агенции.
![](/uploads/articles/5 - Copy 180.jpg)
Согласно овој закон, во кој се зема предвид сегашното учество од 12 отсто на електричните автомобили, се воведува услов до 2026 година учеството на електричните автомобили во продажбата да биде 35 отсто, а до 2030 година дури 68 отсто.
![](/uploads/articles/6 - Copy 170.jpg)
Со оваа одлука Калифорнија стои на страната на европските земји кои ја воведуваат забраната уште во 2030 година.
![](/uploads/articles/7 - Copy 158.jpg)
Американските медиуми нагласуваат дека оваа одлука ќе има голема корист за Tesla, како и голем број производители на електрични автомобили кои се присутни во Калифорнија.
![](/uploads/articles/8 - Copy 129.jpg)
Новите информации покажуваат дека уште единаесет сојузни држави пројавиле интерес за воведување забрана за продажба на нови автомобили напојувани со фосилни горива.