Промовирани огласи »

Во овој говор за TEDx во Скопје поддржан од КАРИЕРА.мк е Osei Gyamfi, кој имаше привилегија и чест да го одржи неговиот TEDx говор со приемчива група во Македонија. Osei Gyamfi споделува како преку неговата авантура на избор на кариера и помагање на другите да го направат истото, го нашол својот вистински повик и почнал да има влијание околу него.

Еден ден тој се најде во агенција за регрутирање откако разговараше со регрутерите на што му беше понудена работа во нивната фирма. Оттогаш тој не погледна наназад, стана директор на една од дивизиите и менаџер на филијала за големи фирми, а сега е специјалист за регрутирање за Мета (порано познат како Facebook) кој наоѓа врвен талент за да го поттикне Metaverse.

Osei Gyamfi е високо мотивиран поединец со силна работна етика, тимски дух и 7+ години искуство во управувањето со стекнување таленти и регрутирање, како и неговите други вештини за менаџирање и организација.

Целиот говор ОВДЕ

Промовирани огласи »

Во насока на континуирано мотивирање на вработените во МВР, издејствувавме зголемување на платите за пет проценти почнувајќи од 1 септември 2022, од Буџетот на МВР, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Во 2018 година, појаснува, се издејствува зголемување на платите за околу пет илјади униформирани полициски службеници, притоа овозможувајќи издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.

Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен. Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму, напиша Спасовски.

Второто покачување следуваше во септември 2019 година, при што платата на вработените во МВР беше зголемена за пет проценти, а за спроведување на ова зголемување беше зголемена вредноста на бодот од 26,09 денари на 27,72 денари.

Исто така, со зголемување на платите од 30 отсто, пишува Спасовски на фејсбук, се опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година.

Министерството за внатрешни работи се реши на овој чекор токму од причина да се мотивираат овие кадри да не заминуваат од министерството и соодветно да придонесат на позициите за кои се ангажирани, објави министерот.

Меѓудругото, во 2020 и 2021 година, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, оценува Спасовски, беа обезбедени средства за доброволна исплата на бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017 и 2018 година, во вкупен износ од околу 97.995.636 денари, и тоа: бонус плата за 2017 за 1.819 вработени во вкупен износ од 46.339.025 денари и бонус плата за 2018 за 1.916 вработени во вкупен износ од 51.680.268 денари.

И во 2021 година е извршена исплатата на бонус плата за вработени во МВР за остварени прекувремени часови во 2020 година, при што се исплатени 4.502 вработени, во вкупен износ од 135.969.404 денари. Покрај ова, за припадниците на Одделот за специјални полициски операции отпочна исплатата на патни трошоци за оние кои живеат надвор од градот Скопје, како и исплата на дневници за службени патувања.

Со најновиот Колективен договор, потсетува министерот Спасовски, донесени се одлуки кои значат финансиско зголемување за вработените во МВР.

Пет проценти исплата за домашно дежурство за неуниформирани полициски службеници, исплата на јубилејна награда за 10 години непрекината работа во МВР, исплата на еднократна помош од 100 евра во денарска противвредност за новородено дете, за припаднички на МВР, исплата на надоместок за ментор за успешно спроведена менторска програма, исплата за надоместок на храна за ноќна работа, а во 2021 година исплатени се 259 вработени во вкупен износ од 6.149.195 денари, напиша Спасовски.

Дополнително, во согласност со новиот Закон за минимална плата, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи, на кои им се исплаќа платата врз основа на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор, минималната бруто-плата изнесува 26.800 денари. Тоа значи дека платата за вработените во МВР за најниското работно место со статус на овластени лица и полициски службеници, во согласност со систематизацијата на МВР, е над предвидената минимална плата.

Од полициските службеници кои беа доведени во состојба на супстандардни услови, без потребна опрема и униформи, објави на фејсбук министерот Спасовски, создадовме мотивирана полиција која работи во интерес на граѓаните и државата.

Тој најавува дека продолжуваат и во наредниот период со уште поголема енергија да ги воспоставуваат европските стандарди во полицијата за да можат да претендираат на уште подобри резултати во работењето. 

Промовирани огласи »

Филантропите од Кавадарци во нова мисија

„3000 компјутери за Нова Година“

Благодарејќи на помошта која ја добиваат од народот и поддршката на големите компании како Нептун, Шпаркасе лизинг, Еко Логистик, Кожувчанка, Европа Гуми, Дади компани, и Македонски Телеком, како дел од Групацијата Дојче Телеком, каде се победници според онлајн заедницата на WhatWeValue платформата. Борче Стаменов и волонтерите на Донирај Компјутер го зголемија рапидно бројот на донации кои се испорачуваат од работилницата во Кавадарци, но тие велат дека сега си поставиле една речиси невозможна мисија: да се заокружи бројот на донации на 3000 до крајот на декември 2022.

„Донирај компјутер“, докажани и незапирливи филантропи, повикуваат на нова акција „3000 донирани компјутери за Нова Година“. Охрабрени од претходните активности и поддршката која ја добиваат, поттикнати од сè поголемиот број деца кои имаат потреба и интерес да ги совладаат компјутерските вештини со цел да си обезбедат поквалитетно образование и успешна иднина, „Донирај компјутер“ ја започнува најновата мисија со следниве цели: повик за волонтери и донации, заради обезбедување на уште 1200 компјутери за деца во семејства од ранливи категории до крајот на 2022 година. 

Целта на филантропската акција е да се намали социјалниот и технолошкиот јаз помеѓу младите, особено во услови кога глобалната пандемија од вирусот Ковид-19 наметна многу долготрајни ограничувања. Да не дозволиме 38.000 деца да останат дигитално неписмени, а со тоа и ускратени од квалитетно образование кое е нивно основно право. Воедно, да го забрзаме остварувањето на тоа нивно право, бидејќи бројката од 40.000 деца без компјутер беше објавена во 2020 година, а веќе 2 години поминаа. Токму заради итноста на оваа состојба, и ние си поставивме сериозен предизвик: да ја заокружиме бројката на донирани компјутери на 3000. Предизвикот е сериозен, 1800 донации се испратија за вкупно 6 години досега, сега ќе се тестираме дали можеме 1200 за само 4 месеци до Нова година, изјави Борче Стаменов, основачот на Донирај Компјутер.

„Ги повикуваме граѓаните и компаниите масовно да се вклучат во акцијата затоа што таа има длабока хумана мисија. Со донации на компјутери, финансиски средства и волонтерска помош, ќе му дадат шанса на секое дете што сака да стане успешен и независен млад човек, што сака да инвестира во своето знаење и во својата иднина. Економските кризи оставаат трајни социо-економски последици и нашата мисија е да не дозволиме тие да ја загрозат иднината на младите“, порачува Стаменов.

„Ништо од ова немаше да успееме да го направиме да не беа компании како „Бидат Информатика„ кои ни дозволија да си ја направиме базата во нивните простории, како приватната гимназија Алгоритам кои ни ја изработија веб страната и беа пионери во поддршката која потоа ги инспирираше другите компании да се приклучат, а веб страната сега се усовршува заедно со Бреинстер Академијата за веб дизајн. Без помошта на компании како Олимпија Моторс, Шпаркасе Лизинг, Пиксел, E-crowd и многу други кои ни помогнаа да собереме средства за набавка на возило, немаше да биде волкава бројката на донации: од мај од кога ја имаме Донка (автомобилот) досега се донирани 300 компјутери, порано 300 компјутери беше бројката на вкупно донации во една година, а сега се сработи за 3 месеци. Најголемата помош и поддршка ни дојде од Нептун, добивме национална мрежа за собирање на компјутери, со скоро 30 собирни места каде што имаат продавници, и транспорт на истите до Кавадарци: ова е најбитната помош која некој можеше да ни ја овозможи. Меѓу другото, благодарност и до Кожувчанка кои ни се приклучија и ќе ни помогнат што подобро да го организираме настанот кој го подготвуваме за 3 септември.

За соработката на Нептун и „Донирај Компјутер“, Горан Цветинов, извршниот директор на Нептун изјави: „Ние сите, како индивидуи, денес го креираме нашето утре. За подобро утре мора сите да бидеме подобра верзија на себе, денес.  Да инвестираме во себе, да инвестираме во вредности, во семејствата, во компанијата каде работиме, во тимовите од кои сме дел, во проектите. Само така ќе изградиме свои подобри верзии, а со тоа и подобро утре. Секогаш кога сум во можност поддржувам се што значи подобри можности, за младите особено. 

Ние како Нептун не чекавме некој специјален повик за да помогнеме во движењето  „Донирај компјутер„: сами се пријавивме и прашавме што можеме да помогнеме. Во тој момент собирните центри и транспортот беа клучен проблем, со задоволство излеговме во пресрет, ги отворивме вратите на сите наши продавници и помагаме во транспортот на компјутерите кои се собираат, што и понатаму ќе продолжиме да го правиме, бидејќи активностите кои се свртени кон децата и нивната добросостојба ни се посебно важни.„ изјави Цветинов.

„Добивме голема поддршка од Македонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком со нашата победа на #WhatWeValue, платформа за волонтеризам на генерацијата Z. Поддршката е од суштинско значење и на нашиот тим ќе му овозможи да го зголеми бројот на донации а со тоа да го прошири и процесот на дигитална инклузија. Станува збор за нефинансиска помош во износ од 35.000 евра. Тоа значи дека пари нема да влезат во Донирај компјутер, туку за сè што ни треба, добавувачите испраќаат фактури, и набавките подлежат на детални и темелни проверки. Новата работилница очекуваме да биде опремена кон крајот на септември и почетокот на октомври. Повеќе детали околу ова ќе објавиме наскоро заедно со Македонски Телеком“ изјави Стаменов.

Возилото за „Донирај Компјутер“ се набави со кампања за собирање донации преку E-crowd.mk и Шпаркасе лизинг беа првата компанија која се одзва на повикот со поголема донација. Околу оваа активност тие изјавија:

„Ние во Шпаркасе Лизинг подолго време сме вклучени во голем број општествено одговорни проекти, но иновативниот пристап на „Донирај компјутер“ со нивната crowd fundingплат форма за набавка на нов автомобил навистина не стави во ситуација да се запрашаме кој да помогне во ситуацијата за набавка на автомобил ако не најголемата лизинг компанија на пазарот.

На тој начин дојде и до комуникација и до соработка со „Донирај компјутер“ и навистина сме задоволни што целиот проект се затвори за краток период и што помогнавме Донирај Компјутер да продолжи уште поуспешно со своите активности, разговараме и за донации на компјутерите кога ќе ги менуваме наредно, автоматски да бидат предадени во Донирај Компјутер. “Шпаркасе лизинг“ има отворена рака кон Донирај Компјутер за сите идни проекти, како и се разбира отстапување на користената ИТ опрема во момент кога за тоа ќе се создадат услови„ - изјави Филип Костадиновски, соработник во сектор за ризици во Шпаркасе лизинг„.

За новиот проект наречен „3000 за Нова Година„ од Ecrowd.mk изјавија:

„Со Донирај компјутер ова ни е втор проект, првиот, наменет за собирање донации за возилото беше и првиот 100% успешен проект, во кој за време од 2 месеци се собраа потребните средства. Не се сомневаме дека и вториот ќе биде исто така успешен, платформата прима уплати од било каде, ќе го рашириме линкот од проектот надвор од Македонија и верувам дека ќе се соберат 1200 дискови, или во парични средства или во дискови.

Ние самите го поддржуваме нивниот проект и со промоција и финансиски, бидејќи она што тие го прават е од исклучителна општествена важност, и ние се приклучуваме со радост што ваква иницијатива постои кај нас. Им стоиме на располагање на сите вакви иницијативи како платформа која ќе им го олесни исполнувањето на зацртаните цели, изјави Љупчо Петковски, еден од основачите на Ecrowd.mk платформата.

Организацијата „Донирај компјутер“ е непрофитна организација која веќе шест години врши донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и има обезбедено компјутер на над 1800 семејства. Дел од компаниите кои имаат донирано компјутери се: Комерцијална Банка АД Скопје, Еко Логистик Сервис, Клими Мк, Ендава, Allocate Software, Quipu, Fx3x, Symphony Solutions, Триглав осигурување, Publikum Invest, Канцеларија на Делегација на ЕУ, Кабинетот на Претседателот на Македонија, Европа Гуми, Олимпија Моторс, Пиксел и уште многу други. 

Промовирани огласи »

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија. Динамичноста што го карактеризира пазарот, како на светско, така и на локално ниво, претставува основа при изборот на услуги и технологии што компанијата ги нуди до крајните потрошувачи.

Доследни на традицијата што ги обврзува, на корисниците им овозможуваат уникатно дигитално искуство, правејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.

Во моментов вработуваат:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
АГЕНТ ВО ПРОДАЖЕН САЛОН - КУМАНОВО

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »