За компанијата: Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.
повеќе за компанијата »Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.
Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите , нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.
:
Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?
Пријави се за поозицијата:
АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР во МТЕЛ ДООЕЛ Скопје
Твои задачи:
- Презентација на производите и услугите на Телеком на сите постоечки и потенцијално нови корисници
- Давање на информации на постоечките и потенцијалните корисници на услугите
- Евидентирање на приговори од корисници кои се однесуваат на функционалноста на сервисот , услугите или опремата
- Евидентирање на барања на постоечите и потенцијалните корисници во склад со процедурата за работа
- Давање техничка поддршка на корисниците
- Комуникација со корисниците по дигитален пат (web, mail, chat, video, co-browse, social network)
За да бидеш успешен потребно е :
- Да си ориентиран кон корисникот
- Да поседуваш комуникациски вештини и да си тимски играч
- Да поседуваш минимум средно познавање на MS Office
- Да имаш минимум IV степен стручна подготовка
Кај нас можеш да очекуваш :
- Конкурентна почетна плата
- Динамично окружување и позитивна работна атмосфера
- Развој на вештини низ обуки
- Кариерен развој
Слични огласи »