Промовирани огласи »

Претседавачот на бордот на директори на рускиот нафтен џин Лукоил, Равил Маганов, починал откако паднал од прозорецот во болницата во Москва.

67 годишниот Маганов бил лекуван во централната клиничка болница во главниот град на Русија и го загубил животот како последица од своите повреди, пренесуваат медиумите. Ројтерс, повикувајќи се на свои извори, објави дека Маганов загинал откако паднал од прозорец во болница.

Рускиот весник “Правда” (фото) објави информација дека телото на Маганов е најдено во близина на централната клиничка болница во Москва каде бил примен претходно. Маганов бил вработен во Лукоил при основањето во 1993-тата година, а директор станал во 2020-тата. Компанијата не се изјасни досега за смртта на Маганов.

Лукоил од почетокот на руската агресија бара преговори и мировно решение за кризата која негативно влијае врз енергетскиот бизнис.

Промовирани огласи »

Голем дел од граѓаните реагираат на превисоките сметки за струја за месец август, иако немале потрошувачка бидејќи биле на одмор. 

Прва се пожали инфлуенсерката Миа Костова.

Стан во кој не е запалена ниту сијалица, сите уреди се извадени од штекер, ни мува не прелетала 31 ден, сметка за струја е 1500 денари. Во случај да сакате да заштедите, најпаметно е да не живеете у станот, напиша таа на социјалните мрежи.

Во месец август на 5. заминав од дома на одмор, а се вратив дома на 30. август…дома никаква потрошувачка за струја. Еден фрижидер само работеше, на минимум, а ми испратиле сметка од 1.765,00 денари, поточно на сметкава пишува потрошена електрична енергија 319,00 денари, а ова другово што е?, се пожали друг скопјанец.

Вакви искуства споделија голем број граѓани. Дел од нив велат дека за претходните вакви искуства со „изгор сметки“ реагирале по што добиле исправка на сумата. Други се прашуваат каква ли ќе биде состојбата во зимските месеци кога ќе пуштат клима. Трети смируваат дека во месец август не се чита саатот, па така во некоја од сметките за следните месеци ќе има порамнување.

Како и да струјата и нејзината цена претстојната зима „ќе ни кине нерви“ велат граѓаните.

Претходно од ЕВН на граѓаните им порачуваа сами да ги читаат струјомерите и доколку забележат разлика во фактурата да реагираат електронски или директно во Корисничките енергоцентри на ЕВН.

Промовирани огласи »

Први септември е традиционално одредница за нови почетоци, планови и убави мисли! Тимот на KARIERA.mk започнува со едномесечна кампања за сите свои клиенти - правни лица насловена како Back to school/WORK каде што овозможува -20% на група од 5 огласи со времетраење од 15 денови кои може да се искористат во наредните 3 месеци.

Дополнително како дел од промотивната кампања, секоја компанија која ќе си откупи 5 огласи на нашиот сервис ќе добие и бесплатна објава на PR текст на KARIERA.mk и нашите социјални медиуми со содржина по избор за запознавање на јавноста со актуелните активности, краток историјат и најблескави постигнати резултати во последниот период, бенефитите кои ги добиваат вработените кои ќе одлучат да аплицираат и се вработат во конкретната компанија и слично. 

За повеќе информации околу промотивната кампања ве очекуваме на нашиот контакт телефон 077 888 722 или пак на емаил [email protected]

Објавете ги сите слободни работни места во вашата компанија на KARIERA.mk и креирајте тимови кои ќе го подигнат вашиот бизнис дух!

Промовирани огласи »

Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ пo изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Од БЕГ посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.

Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите, велат од БЕГ.

Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вчера објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август.

Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти.

Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »