Промовирани огласи »

На ЕСМ од вчера и се на располагање 3,1 милијарда денари или околу 50 милиони евра за да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини електрична енергија. Компанијата апелира да се почитуваат мерките за штедење струја. Секој заштеден киловат час, укажува ЕСМ, ќе значи помалку трошење јаглен, мазут и гас.

И државата повикува да се почитуваат мерките за штедење електрична енергија. Воедно информира дека за справување со енергетската криза се обезбедени над 100 милиони евра.

На ЕСМ и се ставаат на располагање 3,1 милијарда денари за да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини електрична енергија. Финансиската поддршка ЕСМ ќе ја искористи и за снабдување со основни суровини, јаглен, мазут и друго, што е во функција на поддршка на продолжување на производството за непречено снабдување со електрична енергија, соопшти Министерството за финансии.

АД ЕСМ најави дека ќе вложи максимални напори за да ги произведе потребните количини до крајот на грејната сезона.

Ако се придржуваме до мерките, заштедената енергија ќе може да се пренасочи кон стопанството, посебно кон големите фирми и институциите кои купуваат струја на слободниот пазар по енормно високи цени и на тој начин ќе можеме да им понудиме одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа. Само со штедење на електричната енергија можеме да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките и на економијата и заедно да излеземе од оваа наметната криза, нагласуваат од ЕСМ.

Порака дека треба да се штеди струја, вчера упати и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Сметам дека целата јавност треба малку посериозно да се однесува кон мерките за штедење, бидејќи во услови на цена на електрична енергија на берзите од 700 – 800 евра, мислам дека ниедна компанија не може нормално да работи особено, фирмите кои имаат производен процес. Сметам дека и државата во овој дел ќе мора некако да помогне од аспект на обезбедување поевтина електрична енергија, рече Бислимоски на прес-конференција.

Негова оценка е дека ЕСМ за потребите на регулираниот пазар, особено за домаќинствата, дава релативно ниска цена.

Сега граѓаните во своите сметки можат да видат дека евтината тарифа ги чини 10 евра за мегават час како продукт. Тоа што на берзата е  400, 500, 600 евра па имаше денови и 800 нашите граѓани ги чини 10 евра за мегават час евтина тарифа. Прв блок ги чини 71 евро, втор блок 76,5 евра, трет блок 86 евра и екстремно четвртиот блок 229 евра. Кога ќе ги споредите овие цени со тоа што е на берзите има ситуации кога првиот и вториот блок се некаде 10 пати поевтини од тоа што е на берзата во Унгарија, референтна берза за нашиот регион, прецизира Бислимоски.

РКЕ постојано ги следи трговците за струја и прави мониторинг на пазарот

Како што рече Бислимоски, за првите шест месеци продажната цена на снабдувачите во нашата држава е пониска од набавната цена зашто поголемите снабдувачи имаат договори направени по многу пониски цени.

Некаде во јули или август ги немаме добиено податоците, но тоа што го добиваме од компаниите, маржата се движи од 5 до 20 проценти, па некаде и 25 проценти, но се уште немаме добиено конечни податоци, истакна Бислимоски.

РКЕ, дополни Бислимоски, не може да ги ограничи маржите за продажба на електрична енергија.

Треба да ги следиме препораките што ги прави ЕУ која ќе определи одреден гап – максимум до каде што може да одат маржите и верувам дека тоа брзо ќе се случи и во нашата држава, рече Бислиомски.

Претседателот на РКЕ уверува дека не постои никаква нова давачка за струјата. Според него, отсекогаш се плаќала мрежарина за потрошена електрична енергија. Мрежарините, пак, поскапеа зашто загубите на електрична енергија се драстично зголемени.

Кога ќе се собере трошокот за електрична енергија на пример за првиот блок и ќе се собере трошокот за мрежарината ќе се добие вкупна цена за електрична енергија како што било претходно. Има само една вистина, а тоа е дека нема никаква нова давачка, туку во новите сметки граѓаните добиваат цена за електрична енергија како продукт и цена за користење на мрежарината. Оваа пракса ја има во сите земји членки на ЕУ, објасни Бислимоски.

Тој потсети и дека македонското законодавство и одлуките на РКЕ се усогласени со европската пракса па граѓаните добиваат посебна цена за електричната енергија како продукт и цена за секој блок, за да знаат колку ги чини електричната енергија. Добиваат и посебна ставка за користење на преносната и дистрибутивната мрежа.

ТЕ-ТО мора да работи во грејната сезона

Работењето на ТЕ-ТО во делот на електричната енергија е неопходно во зимските месеци од технички аспект, за да ги стабилизра напонските прилики во мрежата. Според мене, не постои опција ТЕ-ТО да не работи во зимските месеци, потенцира Бислимоски.

Претседателот на РКЕ е дециден дека веќе е прогласена кризна сосотјба во енергетиката и државата ќе најде начин за да функционира системот за топлинска и за електрична енергија. 

Промовирани огласи »

Претседавачот на бордот на директори на рускиот нафтен џин Лукоил, Равил Маганов, починал откако паднал од прозорецот во болницата во Москва.

67 годишниот Маганов бил лекуван во централната клиничка болница во главниот град на Русија и го загубил животот како последица од своите повреди, пренесуваат медиумите. Ројтерс, повикувајќи се на свои извори, објави дека Маганов загинал откако паднал од прозорец во болница.

Рускиот весник “Правда” (фото) објави информација дека телото на Маганов е најдено во близина на централната клиничка болница во Москва каде бил примен претходно. Маганов бил вработен во Лукоил при основањето во 1993-тата година, а директор станал во 2020-тата. Компанијата не се изјасни досега за смртта на Маганов.

Лукоил од почетокот на руската агресија бара преговори и мировно решение за кризата која негативно влијае врз енергетскиот бизнис.

Промовирани огласи »

Голем дел од граѓаните реагираат на превисоките сметки за струја за месец август, иако немале потрошувачка бидејќи биле на одмор. 

Прва се пожали инфлуенсерката Миа Костова.

Стан во кој не е запалена ниту сијалица, сите уреди се извадени од штекер, ни мува не прелетала 31 ден, сметка за струја е 1500 денари. Во случај да сакате да заштедите, најпаметно е да не живеете у станот, напиша таа на социјалните мрежи.

Во месец август на 5. заминав од дома на одмор, а се вратив дома на 30. август…дома никаква потрошувачка за струја. Еден фрижидер само работеше, на минимум, а ми испратиле сметка од 1.765,00 денари, поточно на сметкава пишува потрошена електрична енергија 319,00 денари, а ова другово што е?, се пожали друг скопјанец.

Вакви искуства споделија голем број граѓани. Дел од нив велат дека за претходните вакви искуства со „изгор сметки“ реагирале по што добиле исправка на сумата. Други се прашуваат каква ли ќе биде состојбата во зимските месеци кога ќе пуштат клима. Трети смируваат дека во месец август не се чита саатот, па така во некоја од сметките за следните месеци ќе има порамнување.

Како и да струјата и нејзината цена претстојната зима „ќе ни кине нерви“ велат граѓаните.

Претходно од ЕВН на граѓаните им порачуваа сами да ги читаат струјомерите и доколку забележат разлика во фактурата да реагираат електронски или директно во Корисничките енергоцентри на ЕВН.

Промовирани огласи »

Први септември е традиционално одредница за нови почетоци, планови и убави мисли! Тимот на KARIERA.mk започнува со едномесечна кампања за сите свои клиенти - правни лица насловена како Back to school/WORK каде што овозможува -20% на група од 5 огласи со времетраење од 15 денови кои може да се искористат во наредните 3 месеци.

Дополнително како дел од промотивната кампања, секоја компанија која ќе си откупи 5 огласи на нашиот сервис ќе добие и бесплатна објава на PR текст на KARIERA.mk и нашите социјални медиуми со содржина по избор за запознавање на јавноста со актуелните активности, краток историјат и најблескави постигнати резултати во последниот период, бенефитите кои ги добиваат вработените кои ќе одлучат да аплицираат и се вработат во конкретната компанија и слично. 

За повеќе информации околу промотивната кампања ве очекуваме на нашиот контакт телефон 077 888 722 или пак на емаил [email protected]

Објавете ги сите слободни работни места во вашата компанија на KARIERA.mk и креирајте тимови кои ќе го подигнат вашиот бизнис дух!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »