Според истражувањето на цените на недвижностите на консултантската куќа Deloitte, Париз ја бранеше својата позиција како најскап град за купување стан во квадратен метар во Европа, а потоа следат Минхен, Лондон и Осло.
Во Париз просечната цена на недвижностите по метар квадратен е 13.462 евра. Нешто поевтино е во јужниот дел на Германија, во Баварија, во просек по 10.500 евра за метар квадратен.
Нешто пониска е цената на недвижностите во Лондон, Осло и Франкфурт, со просечни цени од 8.400 евра.
Според сите сметки, цените на недвижностите сè уште „дивеат“, барем на Стариот континент, додека во САД има благ пад.
Фото: ЕПА