Промовирани огласи »

Според истражувањето на цените на недвижностите на консултантската куќа Deloitte, Париз ја бранеше својата позиција како најскап град за купување стан во квадратен метар во Европа, а потоа следат Минхен, Лондон и Осло.

Во Париз просечната цена на недвижностите по метар квадратен е 13.462 евра. Нешто поевтино е во јужниот дел на Германија, во Баварија, во просек по 10.500 евра за метар квадратен.

Нешто пониска е цената на недвижностите во Лондон, Осло и Франкфурт, со просечни цени од 8.400 евра.

Според сите сметки, цените на недвижностите сè уште „дивеат“, барем на Стариот континент, додека во САД има благ пад.

Фото: ЕПА

Промовирани огласи »

Веќе втора година по ред А1 Македонија продолжува со практикантска програма A1 WayUp. Ова специјално креирана практикантска програма на младите таленти им нуди практична работа, учење и постојана менторска поддршка. Учесниците имаат можност да работат со врвни експерти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ решенија, оптички и 5G мрежи, да работат на реални проекти и  да користат најсовремени дигитални алатки за работа. 

A1 WayUp е програма која е посебна на безброј начини. Еден од нив е практичното учење и стекнување на нови вештини, кое секако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното учење. Она што најмногу ја издвојува оваа практикантска програма е тоа што почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1.

Сите кои се дел од втората генерација на A1 WayUp ги добиваат сите постоечки бенефити и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој. 

“А1 Македонија е компанија која е целосно фокусирана кон развој на своите вработени, па со тоа нуди и можност за раст и учење преку формални, неформални обуки и преку разни менторски програми. Со програмата A1 WayUp ги отворивме вратите на младите таленти и им нудиме кариерен пат и усовршување на вештините на иднината“, истакна Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси.

Вкупно 15 учесници кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле го започнаа своето лансирање помеѓу дигиталните ѕвезди во А1 и започнаа да го градат својот кариерен пат.

А1 Македонија на сите кои се дел од програмата A1 WayUp им посака топло добредојде, многу нови знаења, вештини и успешни проекти.

Промовирани огласи »

На територијата на Република Северна Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествувале во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.

Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.  

Промовирани огласи »

Општествената одговорност е саморегулирачки деловен модел кој и помага на компанијата да биде одговорна – пред самата себе, пред своите засегнати страни и oпштеството. Практикувајќи корпоративна општествена одговорност компаниите можат да бидат свесни за видот на влијанието што го имаат врз сите аспекти на општеството, вклучително и економското, социјалното и животната средина

Предности на општествената одговорност на претпријатијата:

  1. Ја подобруваме продуктивноста на работниците;
  2. Задоволство на клиентите - задоволен клиент ќе може да го повтори купувањето и ќе им верува на производите;
  3. Намалување на трошоците;
  4. Подобрување на угледот и имиџот на самата компанија;
  5. Придонес во намалувањето на сиромаштијата и унапредувањето на развојот.

Пред се компаниите се формирани за остварување на основната економска дејност, но мора да се има предвид дека сите функции на претријатието мора да бидат спроведени според легислативата. 

Не смееме да заборавиме дека општествената одговорност на компанијата е круцијално бидејќи постапуваме според аспектите неопходни за позитивниот развој на општеството.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »