Инфлацијата достигна нов рекорд, на годишно ниво изнесува 16,8% , соопшти ДЗС. За еден месец е зголемена за 1,3%.
Најголемо поскапување за една година има кај маслото за јадење – 46,7%. Следува лебот, чија цена е зголемена за 44%, а потоа млекото, сирењето и јајцата се продаваат за речиси 30% поскапо. Следува месото поскапо за над 20%, овошјето и зеленчукот. Цените на мало бележат раст од 14,2%.
Експертите и претходно алармираа на вакви високи проценти на инфлацијата. Нивните очекувања се дека ако не се преземат соодветни мерки, во следниот период ќе надминат и над 20%.