Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами смета дека зимскиот распуст во училиштата треба да се продолжи на два месеца, но не само за време на енергетската криза, туку и потоа, со цел поголемо штедење.
Изготвуваме ист допис до Влада за тоа да важи за сите училишта, бидејќи сметаме дека не само сега за време на енергетската криза во која се наоѓа државата и треба да штедиме, туку сметаме дека вакво нешто е потребно согласно најдобрите европски искуства. Зимскиот распуст треба да се продолжи со цел и децата да можат да го планираат нивниот одмор, но сега во енергетската криза мислам дека ова е најсоодветно. Јас ќе бидам во комуникација со градоначалникот на општина Гостивар со цел истата иницијатива да ја продолжиме и преку заедниците на локалната самоуправа, рече градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами.
И првиот човек на Гостивар, Таравари претходно побара зимскиот распуст да трае два месеца – декември и јануари, со цел штедење на струја. Вели дека предлогот го доставил до Министерството за образование, а идејата наишла на поддршка од многу градоначалници.
Целиот текст прочитајте го на mkTV21.mk