Промовирани огласи »

Идната недела треба да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството, додека за граѓаните и за малите компании кои се на регулираниот пазар, како што уверуваат надлежните, снабдувањето со електрична енергија е сигурно. Од Владата велат дека и грејната сезона ќе почне навреме.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера најави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува струја за стопанството.

Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, изјави Битиќи по манифестацијата посветена на граѓанските организации и социјални претпријатија.

Се што е под берзанската цена, според Битиќи, може да се смета за евтина цена.

Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија. Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да плати, но се обидуваме да им обезбедиме струја. Ова се времиња на преживување, предупреди вицепремиерот.

И министерот за економија Крешник Бектеши во петокот изјави дека се преговара со сите соседни држави за да се обезбеди поевтина електрична енергија за стопанството, но според него, очекувањата на бизнис секторот се максимални.

Бараат директна субвенција од страна на државата од 20 милиони евра за првите десет потрошувачи во државата чија потрошувачка е околу 80 илјади мегавати по час. Ако ги земеме предвид денешните цени и колку бараат субвенција, само за овие десет компании, државата треба да одвои околу 20 милиони евра, изјави Бектеши во петокот за дневникот на телевизија „Сител“.

Ваквите барања на стопанството, според Бектеши, се нелогични затоа што токму тие 10 најголеми потрошувачи на електрична енергија имаат направено огромни профити минатите години.

И Бектеши уверува дека нема да се склучи договор за набавка на струја по берзански цени.

Во моментот се преговара со Бугарија за набавка на струја, а во четвртокот министерот Бектеши беше и во посета на Турција.

Се прават и напори во зимскиот период во основните и средните училишта наставата да се одвива со физичко присуство по барањата на дел од општините да се премине кон онлајн настава поради високи трошоци за затоплување на училиштата. И Синдикатот за образование, наука и култура побара Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.

За домаќинствата и малите компании кои се на регулираниот пазар, до март ќе има струја.

Тоа значи дека граѓаните и 70 илјади компании кои се наоѓаат на регулираниот пазар не треба да стравуваат за електрична енергија до март следната година, изјави вчера Битиќи.

И премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ посочува дека интензивно се преговара со соседните држави за да се обезбеди електрична енергија за стопанството и доволни количини на суровини за домашните енергетски капацитети.

Го имаме зголемено и производството на електрична енергија во државните капацитети РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино. Со тоа ја обезбедуваме електричната енергија за граѓаните и малите потрошувачи. Некаде околу 600.000 домаќинства и 70.000 мали компании добиваат субвенционирана струја од 80 отсто – што значи дека доколку не е субвенцијата од државата, тие би плаќале пет пати поголеми сметки за енергија. Она што во моментов го правиме е да обезбедиме електрична енергија преку директни договори со други држави за стопанството односно за големите потрошувачи на либерализираниот пазар со оглед на тоа што цените кои во моментов се на светските енергетски берзи, не се соодветни за македонското стопанство, меѓутоа не се соодветни за ниедно друго стопанство во регионот и Европа. Ќе продолжиме во таа борба за обезбедување на енергенси, истакнува Ковачевски во интервјуто.

Надлежните уверуваат дека ќе има и испорака на топлинска енергија. Вицепремиерот Битиќи е категоричен дека БЕГ, компанија на која и се одземени лиценците за работа, мора да испорачува топлинска енергија додека не се определи новиот економски оператор. Вели дека согласно законот, БЕГ е обврзана и да има доволно резерви на природен гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Засега останува отворено прашањето со сопственоста на топланите Исток и Запад, кои пред повеќе од една година ги купи „Адора Инженеринг“, а која сака да и ги продаде на ЕСМ по иста цена по која ги купила. За компанијата, е неприфатлива опцијата „закуп“ ако нема јасна интенција за купопродажба на топланите.

Вицепремиерот Битиќи смета дека закупот е легитимна алатка и нагласува дека процесите мора да бидат согласно законот.

Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави вчера Битиќи. 

Промовирани огласи »

Глобалниот хуманитарен хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Drive“ денеска по вторпат ќе се одржи во земјава. Урбаните џентлмени со нивните олтајмери годинава повторно ќе се обидат да ја подигнат свеста за машкото здравје и да соберат средства за борба против рак на простата.

Дефилето ќе почне точно на пладне од централното градско подрачје од каде учесниците ќе се упатат кон археолошкиот локалитет Стоби, каде е организирано разгледување на локалитетиот по што карванот ќе продолжи кон винаријата Стоби.

Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Минатата година, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните авотмобили и модата во борбата против машките болести, вели Игор Стефановски, претседател на македонското здружение „Gentleman’s Crew“.

Минатата година, на глобално ниво за борба против ракот на простата се собрани над 200,000 долари. Глобално во настанот се вклучија над 143 градови ширум светот, во 54 држави.

Промовирани огласи »

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 26.09.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

  • Во периодот од 08.00 до 13.30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев  23(општина Кисела Вода)
  • Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од Средно Водно, врв Водно (општина Центар), Горно Нерези (општина Карпош) и с.Крушопек (општина Сарај)
  • Во периодот од 09.00 до 14.0 часот, корисниците од ул.13 во Сопиште (општина Сопиште) 

Од ЈП Водовод и Канализација, добивме известување дека на ден 26.09.2022 година (  понеделник ) 

  • поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Востаничка бр.88 во населба Пржино, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода)
  • поради дислокација на шахта на ул. Дамаска бр.11, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Дамаска, како и дел од корисниците од ул. Прашка (општина Карпош).

Промовирани огласи »

Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град.

Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.

Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

Сериозноста на Владата да не ги остави скопјани без парно греење, според Битиќи, се гледа во тоа што  по непреземањето на парното греење од страна на Град Скопје, Владата интервенирала со формирање на три претпријатија.

За жал, заради тоа што Град Скопје не го презема парното, Владата интервенираше со формирање на три компании. Ако тоа не е доволен показател за сериозната на Владата, не знам што би требало да биде. Во овој момент дистрибутивната мрежа е предадена на ЕСМ, изјави Битиќи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »