Промовирани огласи »

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 26.09.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

  • Во периодот од 08.00 до 13.30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев  23(општина Кисела Вода)
  • Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од Средно Водно, врв Водно (општина Центар), Горно Нерези (општина Карпош) и с.Крушопек (општина Сарај)
  • Во периодот од 09.00 до 14.0 часот, корисниците од ул.13 во Сопиште (општина Сопиште) 

Од ЈП Водовод и Канализација, добивме известување дека на ден 26.09.2022 година (  понеделник ) 

  • поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Востаничка бр.88 во населба Пржино, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Востаничка (општина Кисела Вода)
  • поради дислокација на шахта на ул. Дамаска бр.11, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Дамаска, како и дел од корисниците од ул. Прашка (општина Карпош).

Промовирани огласи »

Се додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град.

Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Во однос на топланите Исток и Запад, кои се во сопственост на „Адора инженеринг“, според која закупот како опција без јасна интенција за купопродажба на топланите не е прифатлив, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.

Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

Сериозноста на Владата да не ги остави скопјани без парно греење, според Битиќи, се гледа во тоа што  по непреземањето на парното греење од страна на Град Скопје, Владата интервенирала со формирање на три претпријатија.

За жал, заради тоа што Град Скопје не го презема парното, Владата интервенираше со формирање на три компании. Ако тоа не е доволен показател за сериозната на Владата, не знам што би требало да биде. Во овој момент дистрибутивната мрежа е предадена на ЕСМ, изјави Битиќи. 

Промовирани огласи »

Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот на цените на становите забрза и е над долгорочниот просек и долгорочниот тренд. Цените на становите во текот на 2021 година пораснаа за 6,1 процент, при што растот е позначителен од второто полугодие на годината. Стапката на раст на цената на становите во домашната економија е малку пониска од просекот за Европската Унија којшто изнесува 8,3 отсто, се наведува во Извештајот за финансиската стабилност на Народна банка.

Од НБРСМ, осврнувајќи се на Извештајот, посочија дека растот на цените на становите во еден дел е одраз на факторите на страната на понудата, како што се зголемените трошоци на градежните материјали и ефектите од пандемијата врз понудата на станови во претходната година.

Имено, поради пандемијата беа одложени дел од градежните работи, па се намали понудата на завршени станови во 2020 година, којашто веќе во 2021 година бележи раст. Значителен раст бележи и бројот на издадени одобренија за градење, што упатува на натамошен раст на понудата и во следниот период, во услови кога бројот на непродадени станови исто така расте, истакна од НБРСМ.

Оттаму посочија дека и во 2021 година, се бележи солиден раст на станбените кредити, како еден од изворите за финансирање на трансакциите со недвижности, што придонесува за одржување на побарувачката на овој пазарен сегмент.

Станбените кредити во текот на 2021 година пораснаа за околу 14 проценти во просек. Поволните услови на финансирање при ниски каматни стапки, како и пониската ризичност на станбените кредити (коишто се со најниска стапка на нефункционални кредити од 0,6 отсто) се фактори што придонесуваат за раст на станбеното кредитирање на домаќинствата, додадоа од НБРСМ.

Од Народна банка наведоа дека движењата на пазарот на недвижности засега не упатуваат на сериозно зголемување на ризиците за финансиската стабилност поврзани со тој сегмент, но, оценија дека е потребно внимателно следење.

Сепак, војната во Украина и неизвесноста што ја носи за домашната економска активност и инфлацијата се фактори на ризик што може да влијаат врз пазарот на недвижности во следниот период. Народната банка и во следниот период будно ќе ги следи состојбите на пазарот на недвижности и ризиците поврзани со него, а подготвена е и за натамошно преземање соодветни макропрудентни мерки, доколку се оцени дека е потребно за зачувување на финансиската стабилност, потенцираа од НБРСМ. 

Промовирани огласи »

Германската прехранбена индустрија се соочува со најтешката криза од крајот на Втората светска војна, пишува германскиот весник „Ди Велт“.

Според гореспоменатите медиуми, германските производители на замрзнати и свежи производи би можеле да престанат со работа поради поскапувањето на енергенсите.

Во врска со ова, производителите испратија отворено писмо до германската влада во кое повикуваат на државна помош.

Постои опасност од значителен недостиг на храна во секојдневното снабдување со луѓе во Германија. Ситуацијата е повеќе од сериозна – цитиран „РТ“.

Исто така, се забележува дека ако владата не преземе мерки за решавање на кризата, тогаш полиците во германските супермаркети би можеле да се испразнат.

Дејствувајте веднаш, во спротивно фрижидерите и замрзнувачите за германското население наскоро ќе бидат празни – се наведува во апелот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »