Промовирани огласи »

ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста на градењето на врската помеѓу клиентите и кандидатите, што ни помага да создадеме одлични услови за вработување, а при тоа не компромитирајќи го квалитетот. Резултатот го докажуваме со користење на најновата технологија и со постојано прилагодување на потребите на пазарот.

Приватна агенциjа за вработувања МОТИВИ е основана во ноември 2008 година и поседува лиценца „А„ (највисок ранг на лиценца) за вршење на привремени вработувања и лиценца за посредување при вработување во земјава и странство, издадени од Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе од една деценија, Мотиви успешно им служи на некои од најголемите компании на нашиот пазар, опфаќајќи ги фармацевтските гиганти, лидерите во телекомуникации, дистрибутерите на електрична енергија, тутунската индустрија, дистрибутерите на храна и пијалоци, развивачите на софтвер и други даватели на јавни услуги.

Во моментов имаат потреба од:

OPERATIONS DIRECTOR
BRANCH MANAGER
BUSINESS MANAGER
ГОТВАЧ И ДОМАЌИН

Промовирани огласи »

Дрво број 1

Вие сте личност со силни принципи.

 Вие сте дарежлива личност со силен морален компас.  Вие сте во постојан процес на испитување и подобрување на себе, вашите стандарди не ви дозволуваат да толерирате недостатоци.  Можеби ќе ви се чини нарцисоиден, но тоа е затоа што имате јасна идеја за тоа што сакате и верувате во себе.

 Креативни сте и ориентирани кон решенија, сакате да го направите светот подобро место.  Донесувате добри одлуки и имате тенденција да имате силна перспектива.  Не многу луѓе ја ценат вашата работа поради вашата природа да ги туркате рабовите и да ги преминувате границите за да ја достигнете целта.

Дрво број 2

Вие сте животот на забавата.

 Ако изберете дрво што личи на печурка, вие сте исклучително забавна и искрена личност.  Вие сте многу одговорни и како да се грижите за другите, заработувате почит со докажување.  Бидејќи сте работохолик, не барате изговори или жалби, сакате да бидете доследни и да се придржувате до распоредот.

 Бидејќи имате многу добра личност, луѓето се чувствуваат удобно покрај вас и лесно ви веруваат.  Вашата интелигенција, смислата за хумор се клучот за градење на секоја врска и секогаш имате начин да се разберете со другите.

Дрво број 3

Вие сте многу емотивна и длабока личност.

 По природа сте многу остроумна и апстрактна личност.  Се трудите да бидете добродушна личност.  Сакате да ги ставате другите пред себе, но мора да запомните дека секогаш е добро да се однесувате и кон себе.  Ја сакате природата и животните.

 Најчесто луѓето погрешно ве разбираат и да се биде емотивен човек, тоа длабоко ве боли.  Да имате личен простор за вас е апсолутно неопходно за да можете да ја развиете вашата креативност.  Ви треба време да се опуштите и да се наполните.  Обрнете повеќе внимание на себе!

 Размислете позитивно, не се менувајте себеси.

Дрво број 4

Вие сте многу силна и независна личност.

 Вие сте многу самоуверена и храбра личност.  Екстремно независен, вашиот водечки принцип во животот е „Ќе го направам тоа на мој начин.  Вие сте тип на човек кој знае како да се подигне без да бара ничија помош.  Вашата мантра е „доверете си себеси“ и го слушате само гласот на сопствениот.

 Единственото нешто што го барате од луѓето е искреност затоа што за вас е подобра најлошата вистина од најдобрата лага.  Вие го поседувате вашиот успех и постојано работите на тоа да бидете подобра, посилна верзија од себе.

Дрво број 5

Вие сте многу оптимистичка личност, која го сака животот.

 Полни со оптимизам и позитивност, верувате дека животот е подарок, ја гледате убавината онаму каде што другите гледаат грдотија.  Еден од најдобрите делови на вашата личност е тоа што секогаш сакате да го споделите доброто и лошото со луѓето што ги сакате.  Вашиот надежен менталитет ве прави прилагодливи на секоја ситуација и да ја видите посветлата страна на секоја тешкотија.  Вие верувате во вашата способност за истегнување, но исто така имате тенденција да го прифатите она што не може да се промени.  За вас животот е премногу краток за да го потрошите правејќи ги работите што не ги сакате и затоа секогаш барате да растете.  Верувате во моќта на верата и оваа енергија е неверојатна инспирација за сите.

Промовирани огласи »

Во однос на темата за затворање на училиштата и воведување онлајн настава заради енергетската криза, се огласи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој на официјалната Фејсбук страница потенцираше дека „категорично е против затворање на училиштата“. Образложи и зошто го има тој став.

Наставата со физичко присуство е единствена форма на оддржување настава која ќе содаде здрави генерации со стекнато квалитетно образование. Ова мое тврдење се потврдува и со искуството кое го стекнавме за време на пандемијата кога се реализираше онлајн настава во Македонија која не даде задоволителни резултати. Покрај ова секојдневно бевме сведоци и на технички проблеми кои оневозможуваа оддржување на настава и со денови.

Кога се зборува за затворање на училиштата и воведување на онлајн настава, државата во прв план треба да ги стави граѓаните, односно како таа мерка ќе влијае на населението. Дали сите ученици ги имаат потребните средства за да следат онлајн настава? И што со оние кои немаат? Дали во време на ваква сериозна инфлација треба да ги изложиме граѓаните на дополнителни трошоци? Понатаму, особено е тешко за учениците од пониските одделенија. Родителите на овие дечиња треба да го поминат поголемиот дел од времето помагајќи им на своите деца да се снајдат на платформите, работејќи на домашните задачи и објаснувајќи им го материјалот. Едноставно родителите ќе треба да ја заменат улогата на наставник во домашни услови. Но што со оние двајца родители кои имаат работни обврски? И тука можеме да заклучиме дека за многу ученици онлајн наставата ќе преставува само формалност, а не вистинска замена за наставата со физичко присуство. - напиша Стефковски. 

Тој додаде и што смета дека би требало да се преземе во овие моменти. 

Гледаме дека Владата троши големи средства од буџетот за патување на бројни делегации во странство, купување на нови автомобили, набавка на морски плодови, ручеци по ресторани и слично, ако има пари за се ова претходно тогаш мора да се обезбедат пари и за непречено функционирање на училиштата. И затоа Владата треба итно и недоложно преку Министерството за образование и наука да обезбеди зголемување на блок дотациите кои стигнуваат до општините со цел покривање на тековните трошоци како основна мерка, но да се размислува и на определување на дополнителни кратки распусти за учениците согласно временските прилики, но секако тие на крајот да не влијаат на реализирање на годишната програма. - заклучи Стефковски. 

Промовирани огласи »

Идната недела треба да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството, додека за граѓаните и за малите компании кои се на регулираниот пазар, како што уверуваат надлежните, снабдувањето со електрична енергија е сигурно. Од Владата велат дека и грејната сезона ќе почне навреме.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера најави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува струја за стопанството.

Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, изјави Битиќи по манифестацијата посветена на граѓанските организации и социјални претпријатија.

Се што е под берзанската цена, според Битиќи, може да се смета за евтина цена.

Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија. Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да плати, но се обидуваме да им обезбедиме струја. Ова се времиња на преживување, предупреди вицепремиерот.

И министерот за економија Крешник Бектеши во петокот изјави дека се преговара со сите соседни држави за да се обезбеди поевтина електрична енергија за стопанството, но според него, очекувањата на бизнис секторот се максимални.

Бараат директна субвенција од страна на државата од 20 милиони евра за првите десет потрошувачи во државата чија потрошувачка е околу 80 илјади мегавати по час. Ако ги земеме предвид денешните цени и колку бараат субвенција, само за овие десет компании, државата треба да одвои околу 20 милиони евра, изјави Бектеши во петокот за дневникот на телевизија „Сител“.

Ваквите барања на стопанството, според Бектеши, се нелогични затоа што токму тие 10 најголеми потрошувачи на електрична енергија имаат направено огромни профити минатите години.

И Бектеши уверува дека нема да се склучи договор за набавка на струја по берзански цени.

Во моментот се преговара со Бугарија за набавка на струја, а во четвртокот министерот Бектеши беше и во посета на Турција.

Се прават и напори во зимскиот период во основните и средните училишта наставата да се одвива со физичко присуство по барањата на дел од општините да се премине кон онлајн настава поради високи трошоци за затоплување на училиштата. И Синдикатот за образование, наука и култура побара Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.

За домаќинствата и малите компании кои се на регулираниот пазар, до март ќе има струја.

Тоа значи дека граѓаните и 70 илјади компании кои се наоѓаат на регулираниот пазар не треба да стравуваат за електрична енергија до март следната година, изјави вчера Битиќи.

И премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ посочува дека интензивно се преговара со соседните држави за да се обезбеди електрична енергија за стопанството и доволни количини на суровини за домашните енергетски капацитети.

Го имаме зголемено и производството на електрична енергија во државните капацитети РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино. Со тоа ја обезбедуваме електричната енергија за граѓаните и малите потрошувачи. Некаде околу 600.000 домаќинства и 70.000 мали компании добиваат субвенционирана струја од 80 отсто – што значи дека доколку не е субвенцијата од државата, тие би плаќале пет пати поголеми сметки за енергија. Она што во моментов го правиме е да обезбедиме електрична енергија преку директни договори со други држави за стопанството односно за големите потрошувачи на либерализираниот пазар со оглед на тоа што цените кои во моментов се на светските енергетски берзи, не се соодветни за македонското стопанство, меѓутоа не се соодветни за ниедно друго стопанство во регионот и Европа. Ќе продолжиме во таа борба за обезбедување на енергенси, истакнува Ковачевски во интервјуто.

Надлежните уверуваат дека ќе има и испорака на топлинска енергија. Вицепремиерот Битиќи е категоричен дека БЕГ, компанија на која и се одземени лиценците за работа, мора да испорачува топлинска енергија додека не се определи новиот економски оператор. Вели дека согласно законот, БЕГ е обврзана и да има доволно резерви на природен гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија.

Засега останува отворено прашањето со сопственоста на топланите Исток и Запад, кои пред повеќе од една година ги купи „Адора Инженеринг“, а која сака да и ги продаде на ЕСМ по иста цена по која ги купила. За компанијата, е неприфатлива опцијата „закуп“ ако нема јасна интенција за купопродажба на топланите.

Вицепремиерот Битиќи смета дека закупот е легитимна алатка и нагласува дека процесите мора да бидат согласно законот.

Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави вчера Битиќи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »