Најголемиот европски производител на челик, ArcelorMittal, потврди за S&P Global Commodity Insights дека продолжил со својот план за привремено затворање на некои од своите високи печки во Франција, Полска, Шпанија и Германија, како што беше објавено во септември заради проблемите со кои се соочува европскиот пазар на челик.
На 29 септември, ArcelorMittal ја затвори високата печка о фабриката Хихон, Шпанија, со 4,5 милиони мт/годишно. Го објави затворањето на 1 септември, наведувајќи ја силната конкуренција од увозот и слабата побарувачка.
Потегот следи откако производителот на челик го одложи рестартирањето на својата електрична лачна печка од 2 милиони мт/годишно во Сестао, Шпанија, откако го заврши одржувањето во август.
ArcelorMittal изјави за S&P Global на 29 септември дека не поставил датуми за рестартирање на ниту еден од погоните, бидејќи рестартирањето „ќе биде диктирано од пазарните услови“.
Целиот текст прочитајте го на Izvoz.mk