Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 87-ма седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со оваа одлука, на предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за коишто се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

При редовна контрола на Државен пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени.

Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година.

Промовирани огласи »

Денот на народното востание – 11 Октомври (вторник) е неработен за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.  

Промовирани огласи »

АЛМА-М е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Во 1999 год. Алма-М се проширува на територијата на Р.Косово со седиште во Приштина за кaде го добива правото за увоз и дистрибуција и продажба на WRIGLEY производите и за Р Косово.

Во моментов вработуваат на следниве позиции:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - ШТИП, СТРУМИЦА И ГЕВГЕЛИЈА
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
ДЕКЛАРАНТ - ПАКУВАЧ
МАГАЦИОНЕР

Промовирани огласи »

Трендот за „тивко напуштање“ на TikTok е термин кој се однесува на фактот дека е во ред да се каже не на некои дополнителни одговорности. Најчестите примери на „тивко отпуштање“ вклучуваат одложување на покачувањето, запирање на унапредување или на пример обиди на работодавачот да го спречи вработениот да преземе одредени проекти. 

Покрај тоа „тивкото напуштање“ е знак за справување со исцрпеноста, особено за денешните млади, особено за генерацијата Z кои се ранливи на депресија, анксиозност и разочарување. Исцрпеноста е негативна состојба на прекумерна работа која долгорочно има силно влијание врз менталното здравје и работниот капацитет.

„Тивкото откажување“ ја охрабрува секоја компанија да обезбеди подобри услови за работа за своите вработени, особено како да го задржат балансот помеѓу работата и животот за своите вработени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »