Промовирани огласи »

Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18.7, а индексот на цените на мало за 14.7 проценти. Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1.6, а цените на мало забележале пад од 0.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9.9 %, свежото и разладеното овошје за 6.3 %, млекото за 5.7 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3.1 %, пивото за 2.9 %, лебот и житата за 2.6 %, месото за 2.2 %, виното за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, жестоките пијалаци за 0.6 % и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15.2 %, велосипедите за 9.1 %, мебелот и покуќнината за 6.9 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 6.1 %, малите алатки и останатите додатоци за 6.0 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5.9 %, теписите и другите подни покривки за 5.4 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 4.2 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 3.9 %, течните горива за домаќинствата за 3.7 %, медицинските услуги за 3.3 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.7 %. Пораст е заблежан и кај рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 2.1 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 2.0 %, стоматолошките услуги, парамедицинските услуги за 1.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.8 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.5 %, патниот патнички транспорт за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.3 %, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1.1 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, текстилот за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците, накитот, часовниците и рачните часовници, другите лични предмети за 1.0 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0.9 %, фармацевтските производи за 0.7 %, другото образование за 0.6 %, терапевтските помагала и опремата, медиумите за снимање, домашните миленици и сродните производи за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека за 0.4 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.3 % и високото образование за 0.2 %.

Намалување на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 % и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %.

Во септември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.0 %, туристичките аранжмани за 13.2 %, гасот за домаќинствата за 4.4 %, услугите за сместување за 3.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.9 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.1 %, игрите, играчките и хобијата за 0.3 % и моторните возила за 0.2 %. 

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона 

Во моментов вработуваат:

MEХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА
ФАРБАРИ-ЛАКИРАЧ - ФАРБАРА
ФАРБАР/ПРИМПРЕМАЧ - ФАРБАРА
СТОЛАРИ – ДЕЛОВИ
ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА

 

Видете ги сите огласи од Ван Хоол ТУКА

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа.

Во моментов вработуваат

ТИМ ЛИДЕР - ФИЛИЈАЛА ШТИП
АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ТИМ ЛИДЕР – ФИЛИЈАЛА СКОПЈЕ
ОПЕРАТОР ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Вита Медиа Груп е фаворит во светот на iGaming, генерирање водечки и партнерски маркетинг.

Вита Медиа Груп работи во вертикалата на iGaming и финансиските услуги, каде што нивното огромно искуство им овозможува да ги препознаат потребите на клиентите и да обезбедат оптимални решенија и соодветни активности.

Во моментот вработуваат:

AFFILIATE ACCOUNT MANAGER

Балкан Мастер доо е групација која ги има познатите светски брендови за облека CALZEDONIA и TENEZIS

Во моментов вработуваат:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА ВО TEZENIS - CITY MALL
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА ЗА TEZENIS - CITY MALL
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА ЗА CALZEDONIA - EAST GATE MALL

Webhelp е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители.

Во моментот вработуваат:

КUNDENBETREUER – DEUTSCH
CLIENT ADVISER - GERMAN

Pikasa е компанија за анализа на податоци специјализирана за развој и имплементација на алатки, софтвер и алгоритми за машинско учење за да им помогне на своите партнери да ја научат медиумската средина и да донесуваат информирани одлуки.

Во моментов вработуваат:

DATA ANALYST

LDSK се софтверска компанија која им нуди на клиентите солуции за нивните бизниси со висока флексибилност и со одлична можност

Во моментов вработуваат:

TECHNICAL SUPPORT ENGINEER
JUNIOR SRE / DEVOPS ENGINEER

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Во моментов вработуваат:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CITY MALL

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Во моментов вработуваат:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Промовирани огласи »

АД ЕСМ обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, велат од ЕСМ.

На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол“ до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ – ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје, информира компанијата.

Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси.  

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,746%, кај дизелот за 6,212%, кај екстра лесното масло за 5,997% и кај мазутот зголемување е за 2,307%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,216%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/лит и сега ќе изнесува 51,252 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

  • Од 8.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »