b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот Асистени за продажба во Скопје.
Потребни ни се кандидати кои се подготвени да се докажат и научат неопходни вештини за продолжување на својата кариера со искусен тим за продажба.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
- грижа за имиџот на компанијата
- примена на стандардите за работа
- градење и негување добри односи со потрошувачите
- ориентираност кон препознавање на потребите на потрошувачите
- примена на продажни вештини
- презентирање на нови производи и акции
- евиденција на документи во малопродажба
- прием и изложување на часовници и накит согласно пропишани процедури
- одржување на хигиена во продажниот салон
Потребни квалификации:
- развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа
- желба за понатамошно учење и развој
- совесност, одговорност и самомотивираност
- флексибилност и способност за адаптација
- самоиницијативност
- трпеливост
- способност за работа под притисок
- најмалку завршено средно образование
- општо познавање на MC Office програмите и интернет
- претходно работно искуство не е потребно
Потребна документација:
- CV не постаро од 6 месеци
- пријавено образование во агенција за вработување
Вие добивате:
- мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво
- можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба
Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во продажба и комуникација со клиенти.
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .
Ве покануваме доколку имате интереси и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 18.10.2022 год.