Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на минималната плата.

Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот истакна дека со стопанските комори се разговара многу отворено.

Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории, подвлече премиерот на прес-конференцијата откако соопшти дека Владата донесе нов пакет мерки вреден 350 милиони евра.

Промовирани огласи »

Зимското сметање на времето се враќа во недела на 30 октомври. Тогаш ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Ноќта меѓу сабота и недела часовниците треба да се вратат еден час назад, бидејќи завршува летното сметање на времето! Летното сметање на времето почна во неделата, на 27 март, кога часовниците се поместија еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот.

Компјутерите, мобилните телефони и другите модерни уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето, но доколку сè уште имате некој аналоген покажувач на времето или некој постар уред што „не може“ да го направи тоа автоматски, не заборавајте да ги поместите стрелките еден час наназад, од 3 на 2 часот.

Промовирани огласи »

Невработеноста во земјава се намалува фиктивно, велат граѓаните.

Властите се фалат со помал процент на невработеност, а реалноста е тажна, коментира скопјанецот Павле В. кој вели дека невработените се бришат од списокот на Агенцијата за вработување, не затоа што се вработиле, туку затоа што одбиле да работат ниско платена работа или, пак, се отселуваат во странство.

Најновите податоци на Агенцијата за вработување покажуваат намалување на бројот на невработени во август годинава и тоа за 2.115 граѓани.

Оние кои ќе ја одбијат понудената работа од Агенцијата, автоматски се бришат од списокот на активни баратели на работа, коментираат граѓаните, а работата најчесто ја одбиваат затоа што станува збор за неплатена неколку месечна обука, по што следи нископлатена работа.

Еве што велат граѓаните на темава.

Мојата сопруга доби таква понуда, нормално дека одби. Обуката ќе и' се исплатела кога-тогаш. Сега ќе имала квалификација плус, а со тоа и можност за вработување плус. Тоа се вика ,,практична работа" што се нуди преку АВРМ и е дел од Активните мерки за вработување, вели еден скопјанец.

Додека не се сфати дека мора да се вложува во себе постојано, ќе има невработени кои не можат да најдат работа. Затоа школо никако не одбивајте.

Најверојано не сте имале прилика да отидете на интервју за работата со стари алишта затоа што се е немале пари за да купите нови, а сте имале поголеми квалификации од тој што ја добил работата, оти тој што дошол после вас со џипот на тато и има поголем џепарлак и од платата што ја нудат, и да кога ќе ти кажат дека ќе работиме за 6000 денари и ќе ти речат не одбивајте тоа се пари, да не знаеш дали да се смееш или да плачеш.

Нудат работа, но не и достоинствена плата согласно Законот за работни односи. Нека го понудат работниот час, да не е под 150 денари, виќенд (сабота и недела) 220 минимум. Работна недела во 40 часа, максимум 48 од кои 8 се прекувремени.

Лицето се брише од евиденција на невработени лица во согласност со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, доколку два пати во текот на две години одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува или не се јави на интервју за работа на кое е упатено од страна на Агенцијата, велат од Агенцијата за вработување.

Бројките покажуваат дека заклучно со 30 септември годинава, преку центрите за вработување понуда за работа добиле 3.110 лица, од кои 2.433 ја прифатиле понудата, а 538 лица не прифатиле понуда за вработување од оправдани или неоправдани причини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »