Промовирани огласи »

Граѓаните на Европската Унија секојдневно се непријатно изненадени од високите цени во продавниците. Цената на сè - од енергенси (гориво, гас, струја), до градежни материјали, до основни прехранбени производи - расте.

Зошто е тоа така? Одговорот е едноставен. Светската инфлација излегува од контрола. Бројките што ги објавуваат статистичките заводи ширум светот се навистина загрижувачки.

Влијанието врз стандардот на граѓаните се гледа по тоа што очигледно парите вредат сè помалку.

Инфлацијата најмногу ги погодува оние кои имаат готовина, односно пари. Без разлика дали се на штедна книшка во банка или во готовина кај нас, парите ја губат својата вредност еквивалентно.

Орочните пари во банка носат минимални приноси кои станаа многу симболични. Соодветниот данок платен на девизните заштеди е повеќе од симболичен бидејќи нема добивка. Стапката на инфлација значително ја надминува каматата на штедните влогови.

Голем број на деловни субјекти ширум светот бараат адекватно решение за заштита на акумулираните деловни профити.

До неодамна, највообичаен начин беше да се купуваат инвестициски имоти. Компанијата е сопственик на инвестицискиот имот до моментот кога неговата вредност ќе се зголеми, а потоа се продава. Од економски аспект тоа е апсолутно реално решение. Кога донесувате одлука за инвестирање, треба да го имате на ум следниот факт, дека е потребно извесно време за да се заработи од недвижен имот. Често тоа може да биде и цели процес - секојдневно прикажување на имотот на потенцијалните купувачи до моментот кога ќе се појави вистинскиот купувач. Таквиот процес има одредено времетраење.

Во последните години, трендот на хеџинг (тренд на заштита на капиталот) почна да ја менува својата насока. Инвестициските недвижности во компаниите се повеќе се заменуваат со инвестициско злато.

Златото со векови е познато како најголем борец против инфлацијата. 

Имајќи го предвид фактот дека вредноста на златото е зголемена четири пати во последните дваесет години, не е чудно што златото станува сè попопуларен облик на сопственост во имотот на правните и физичките лица.

Ако ги погледнеме последните педесет години, можеме да заклучиме дека вредноста на златото е многукратно зголемена. Ако тоа се диверзифицира во годишна временска рамка, ќе дојдеме до просечен годишен раст од 8% на вредноста на златото.

Оваа информација не треба да ја земате како правило, бидејќи има години кога вредноста на златото има негативен тренд. Ова се пондерирани податоци, кои се добиваат математички како просечна процентуална вредност во одреден временски интервал.

Ако купиме инвестициски имот со намера да го искешираме по две години, сигурно е дека ќе направиме загуба. Исто е и со инвестициското злато. Оптималниот инвестициски период е пет или повеќе години, со цел инвестицискиот ефект да биде позитивен.

Придобивките од инвестирањето во злато понекогаш може да се регистрираат во пократки временски интервали, но тоа не треба да се зема како правило.

Инвестициското злато за една компанија има статус на паричен еквивалент. Златото го менува (намалува) салдото на тековната сметка за износот вложен во инвестициско злато. Вредноста на инвестициското злато се изразува како паричен еквивалент. Во суштина, купувањето на инвестициско злато не ја намалува добивката на правното лице. Данокот на добивка останува ист, само што има препозиција во билансот што ги прикажува средствата на компанијата во одреден ден. Инвестициското злато е високо ликвидна форма на имот што може веднаш да се наплати.

Одреден број правни лица го пријавуваат инвестициското злато во акции, како неделовна актива.

Впаричувањето на инвестициското злато не е процес, туку трансакција што се извршува автоматски. Побарувачката за злато во светот континуирано расте.

Во повеќето земји од Европската Унија, инвестициското злато е ослободено од ДДВ.

Во Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина се уште има ДДВ при купување инвестициско злато.

Промовирани огласи »

Намалување на цената на лебот може да се случи по Нова година. Новите мерки предвидуваат намалување на цената на струјата од 1 декември за производителите на храна, со очекување прво да се стабилизира цената, а потоа да се намали цената на лебот и другите производи. Ова е ставот на претставниците на двете стопански комори.

Според здружението на индустријата на мелничари и пекари, при Стопанската комора, за реално намалување на цената потребно е Владата да ги активира и стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи, каде цените постојано растат.

Иако официјалните лица проценуваат дека во текот на оваа година се ожнеани околу 250 илјади тони пченица, додека се потребни околу 330 илјади тони, сепак, дел од пченицата не се продава во мелниците, додека се уште се увезува. Цената за пченицата ја одредува светската берза каде цената е 18 денари, додека во жетварскиот период достигна и до 22 денари за килограм.

Ако Владата дозволи мелниците и пекарската индустрија да купуваат струја по цена од 80 до 100 евра за мегават час, за што преговараме една недела, тогаш до декември цената на брашното и лебот ќе се стабилизира, додека од следната година може да се очекува да ја намалат цената за 10%, вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничарско-пекарската индустрија, при Стопанската комора.

Ова е трет обид на Владата да ги намали цените на основните прехранбени производи. Прво имаше замрзнување на цените, па ги ограничија маржите што граѓаните не ги почувствуваа поради континуираното поскапување на малопродажните цени. Од друга страна, со мерката за поевтина струја се очекува да бидат опфатени околу 150 фирми.

Промовирани огласи »

Огромен успех за Тесла во Германија. Според последните податоци на германската KBA, автомобилот Тесла е најпродаваниот меѓу конкуренцијата од електрични автомобили во Германија. Во првите девет месеци продадени се 38.458 примероци, што е дури за 6.000 единици повеќе од најблискиот ривал Фолксваген.

Во исто време, Тесла оствари раст од 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека Volkswagen падна за цели 40 отсто и продаде само 32.326 електрични автомобили на германскиот пазар. Кога станува збор за продажбата на електрични автомобили, само Audi и Seat од групацијата VW забележаа раст во Германија.

Фолксваген затоа може да се утеши во својата глобална продажба, каде на полето на продажбата на електрични автомобили оствари раст од 25 отсто во однос на истиот период минатата година. Сепак, вкупната продажба на VW Group вклучувајќи возила со фосилни горива (конвенционални и хибридни) падна за 13 проценти. Ова е резултат на проблемите со недостигот на одредени делови, но и проблемите како што се инфлацијата и поскапувањето на енергенсите.

Напнатата ситуација со понудата на компоненти постојано доведе до корекции во производството. Очекуваме стабилизација на понудата во текот на следната година, изјави портпаролот на VW по објавувањето на податоците за продажбата.

Интересно е и тоа што и покрај растот, Tesla е погодена од недостиг. Бројот на испораки е рекорд, но логистичките предизвици се се поочигледни, па растот беше помал од прогнозите, нагласува Automotive News Europe.

Фото: EPA/ CAROLINE BREHMAN

Промовирани огласи »

ЈП Градски паркинг, Скопје воведува нови технологии. 

Претпријатие овозможува плаќање на паркинг место со скенирање на QR код. Целта е побрзо и поефикасно плаќање на услугите, а кодот ќе биде достапен на сите информативни табли за начин на наплата, на сите зонски паркиралишта на ниво на градот со кои стопанисува претпријатието.

-Наплата за паркирање со скенирање на QR код преку мобилен телефон со активна банкарска платежна картичка може да изврши било кој корисник на зонските паркиралишта, домашен или странец. Со воведување на оваа нова технологија, на корисниците на градскиот паркинг им овозможуваме лесно и брзо плаќање на услугата во само три чекори. Доволно е само со камера од мобилниот телефон да се скенира кодот поставен на долниот десен агол од информативната табла на самото паркиралиште и да се следат чекорите за наплата преку платежна банкарска картичка - велат од претпријатието. 

Од таму додаваат дека еден од приоритетире на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје е токму унапредување, модернизирање, а со тоа и олеснување на условите за корисниците преку воведување на нови технологии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »