Промовирани огласи »

Додека на пазарот во САД е во очекување „Dow Jones“ да ја премине границата од 20.000 поени, компанијата на Ворен Бафет веќе оствари уште рекорд.

Вчера, во раната трговска сесија, акциите од класата „А“ на инвеститорот од Небраска успеаа да го преминат нивото од 250.000 долари.

Ова се случува 54 години по првото купување на Бафет во „Berkshire Hathaway“. „CNBC“ информира дека првите купувања се остварени на ниво од 7,50 долари, што претставува 60.03 долари денес, со искалкулирана инфлација.

Бафет купува повеќе од половина од компанијата во 1965-та година.

Од почетокот на 2016-та година акциите од класа „А“ додале 26,2 отсто. Високата цена тера дел од аналитичарите да сметаат дека Бафет може да преземе поделба на цената, но тој вели дека нема слични намери, бидејќи би сакал само сериозни инвеститори во компанијата.

Не сакам инвеститори, кои сметаат дека можат да направат многу пари за брзо време, купувајќи акции од компанијата“, вели Бафет во биографската книга „The Snowball“ на Алис Шредер.

Инвеститорите кои немаат 250.000 долари, би можеле да инвестираат во акциите од „B“ класата на компанијата. Нивната проценка е направена така што никогаш да не надминува 1/1500 дел од вредноста на компанијата.

Растот на позицијата од почетокот на 2016-та година, исто така е од 26% до 166 долари во готово.

Бафет денес има 18% од акциите од класата „А“, кои се проценуваат на 73 милијарди долари.

Само за потсетување дека границата од 200.000 долари беше надмината за прв пат во август 2014-та година.

Промовирани огласи »

Од вчера низ скопските улици започна промовирањето на нашата нова болборд кампања. Идеjата на тимот беше на креативен и несекојдневен начин да допреме до граѓаните и да ги информираме за новиот веб сајт  KARIERA.mk, кој цели да ги поврзе работодавците со работниците и да им помогне на граѓаните да најдат нова подобра работа.

На оваа кампања позитивно реагираа ПР експерти од повеќе македонски веб сајтови, меѓу кои и  http://marketing365.mk/

Еве што тие велат:

Многу ретки се за жал поводите кога сме инспирирани да пишуваме за билборд кампањи во метрополата на Македонија. Многу од нив се премногу монотони и најчесто поминуваат незабележано. Но не и оваа – каде дел се и Ескобар, Клуни, Трамп, кладилничарите и неколку други “кандидати“.

Нашиот тим не застанува тука, покрај билбордите ќе следат радио и ТВ реклами.

Промовирани огласи »

На 15.12.2016 год. (четврток) во амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи отворено предавање за Microsoft IT Академијата. Предавањето за Microsoft ИТ Академијата на ФИНКИ е отворено и достапно за сите студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје.

Ќе се зборува за тоа што претставува Microsoft Академијата, кои се придобивките од неа, што ќе се изучува, како и процесот на сертификација на Microsoft испити. Повеќе информации за курсевите на следниот лин

Промовирани огласи »

Големите технолошки компании не штедат средства, кога бараат да ангажираат нови засилувања за своите тимови. Тука можеме да ги вклучиме дури и стажантите, станува јасно од анкетата, спроведена од Џеси Колинс од „Purdue University“.

Резултатите може да ве изненадат, но тие уште еднаш покажуваат зошто „Google“, „Facebook“, „Amazon“, „Microsoft“ и други големи технолошки гиганти се меѓу повеќето работодавци.

Дури и стажантите можат да се потпрат на плати од околу 3.000 до над 10.000 долари месечно, а најдобрите добиваат и предлози за постојан договор.

Еве ги условите кои ги нудат 10-те големи компании на идните вработени:

Amazon:

Годишна плата: 103.000 долари

Станбени трошоци: 16.200 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: Помеѓу 26.000 и 52.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 7.634 долари

Apple:

Годишна плата: 110.000 долари

Станбени трошоци: 12.500 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: Помеѓу 10.000 и 40.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 6.839 долари

Facebook:

Годишна плата: 107.000 долари

Станбени трошоци: 37.500 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: Помеѓу 75.000 и 100.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 8.279 долари

Google:

Годишна плата: 112.000 долари

Станбени трошоци: Помеѓу 25.000 – 55.000 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: Помеѓу 10.000 и 60.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 6.667 долари

LinkedIn:

Годишна плата: 120.000 долари

Станбени трошоци: 37.500 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: 10.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 7.680 долари

Microsoft:

Годишна плата: 107.000 долари

Станбени трошоци: Помеѓу 15.000 и 30.000 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: Помеѓу 20.000 и 50.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 7.200 долари

Snapchat:

Годишна плата: 120.000 долари

Станбени трошоци: 80.000 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: 20.000 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 9.000 долари

Samsung:

Годишна плата: 120.000 долари

Станбени трошоци: непознато

Бонус при потпишување на договорот: 20.000 долари

Uber:

Годишна плата: 110.000 долари

Станбени трошоци: 37.500 долари годишно

Бонус при потпишување на договор: непознато

Просечна месечна плата за стажантите: 7.317 долари

Twitter:

Годишна плата: 120.000 долари

Станбени трошоци: 37.500 долари годишно

Бонус при потпишување на договорот: 18.500 долари

Просечна месечна плата за стажантите: 6.543 долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »