Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Моментално вработува на следниве работни позиции:

ТИМ ЛИДЕР ВО СТРУМИЦА (НОВО СЕЛО)
ТИМ ЛИДЕР – ФИЛИЈАЛА ТЕТОВО
ТИМ ЛИДЕР - ИЛИНДЕН

Сеуште сте невработени?! Погледнете ги сите активни работни места ТУКА!

Промовирани огласи »

Закажувањата на три месеци однапред во претходните години најмногу се однесуваа на давање здравствени услуги, а во последно време е потребно многу време да се најде и добар молер. Ги има толку малку на пазарот што е тешко да ги добиете на телефон, а уште потешко да ги ангажирате.

Зошто е тоа така и кои се проблемите и предрасудите со кои секојдневно се соочуваат молерите, зборуваат Стеван и Давид од Србија кои со децении се занимаваат со оваа работа.

Стеван Петровиќ нагласува дека луѓето речиси и не се свесни колку е напорна и тешка оваа работа. Тој исто така тврди дека е голема заблуда дека секој може да молерисува.

За да бидеш вистински молер потребни се и до три месеци за да се усовршите, вели Стефан.

Да речеме, се случува на градилишта, во приватни станови или деловни згради да имаме молери кои дошле по платена пракса, а нивниот став е како да знаат се.

По два дена ни се извинуваат на сите, бидејќи сфаќаат дека работата е многу потешка отколку што мислеле. Основните работи може да се совладаат за два ипол до три месеци интензивна работа, додека нивната почетна плата е околу 2.000 динари, вели Стефан.

Затоа што едноставно, на пазарот има толку малку квалитетни молери а обемот на работа е огромен. Затоа се вклопуваме, земаме двајца клиенти кои се во близина, па додека се суши она што го правевме на едниот, одиме кај другиот и обратно.

Мораме така, еве само погледнете ги огласите. Се повеќе има понуди за заминување во странство, каде платите се 3-4 пати повисоки од овде“, посочува Давид.

Просечниот трошок за молерисување на стан од 100 квадрати е околу 1.000 евра, сето тоа заедно со материјалите и „мајсторските раце“ чија цена е од едно до две евра за квадратен метар.

извор: klaster.mk

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти.

Таа истакна дека вината не е во Министерството за труд и социјална политика, туку во самите градинки кои доцна доставиле пресметка на плата.

Врз основа на нивните пресметки, ние го правиме електронскиот систем кај нас и ја праќаме платата во трезор, рече Тренчевска. (МИА)

Промовирани огласи »

Министерството за финансии излезе со објаснување за тоа како направи заштеди од 32 отсто на потрошувачката на електрична енергија во септември во однос на истиот месец во 2021 година.

Затоа Министерството за финансии, како и остнатите институции, спроведе мерки што не го нарушуваат процесот на работа и безбедните услови за работа, а при тоа се обезбеди заштеда од 32 %. За тоа имаат придонес и вработените со своето одговорно однесување.

Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветени за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци“, најавува министерството.

Од таму додаваат дека при превземените мерки се исклучувале компјутерите кога не се работело на нив, а биле инсталирани и сензори за гаснење на светлото.

Изгаснете ги сијалиците кога за тоа нема потреба, тоа ние го направивме во септември, искористете ја дневната светлина, тоа штеди и на осветлување и на загревање на просторијата, компјутерот исклучете го кога не ви треба, тоа исто го направија нашите вработени. Во хондиците светлата се вклучуваат на сензор и се осветелени само кога е тоа неопходно. Тоа се мерките што не донесоа до 32 % пониска потрошувачка. Да продолжиме и да се обидеме сите да дадеме придонес кон надминување на оваа криза со најмалку последици за сите нас. Електричната енергија е добро што на сите ни е потребно, се вели во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »