Промовирани огласи »

Германската компанија Мерцедес-Бенц денеска соопшти дека ќе ги продаде акциите во своите подружници за индустриски и финансиски услуги со околу 1000 вработени на локален инвеститор.

Финансискиот директор на компанијата Харалд Вилхелм додаде дека тоа нема да има никакви дополнителни финансиски последици. Во првата половина од годината, прекинот на рускиот бизнис на концернот како реакција на војната во Украина и придружните санкции на ЕУ доведоа до трошоци од 700 милиони евра за Мерцедес-Бенц. 

Со ваквиот чекор се придружува на низа производители на автомобили кои ја напуштаат Русија.

Руското Министерството за индустрија и трговија соопшти дека фирмата Мерцедес-Бенц својот имот во Русија ќе го предаде на рускиот инвеститор Автодом.

Во соопштението на министерството е наведено оти со Мерцедес-Бенц е потпишан договор за пренос на целокупниот имот на компанијата во Русија на Автодом. Мерцедес ги запре производството и директната продажбата на автомобили во Русија во март.

Според податоците на Европското деловно здружение со седиште во Русија, продажбата на автомобилите на Мерцедес-Бенц во земјата во септември е намалена за 72,8 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во Русија претходно имотите на францускиот автомобилски концерн Рено и на јапонскиот Нисан беа продадени на руско државно претпријатие. (Дојче Веле)

Промовирани огласи »

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година.

Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.

За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток), информираат од Владата.

Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Моментално вработува на следниве работни позиции:

ТИМ ЛИДЕР ВО СТРУМИЦА (НОВО СЕЛО)
ТИМ ЛИДЕР – ФИЛИЈАЛА ТЕТОВО
ТИМ ЛИДЕР - ИЛИНДЕН

Сеуште сте невработени?! Погледнете ги сите активни работни места ТУКА!

Промовирани огласи »

Закажувањата на три месеци однапред во претходните години најмногу се однесуваа на давање здравствени услуги, а во последно време е потребно многу време да се најде и добар молер. Ги има толку малку на пазарот што е тешко да ги добиете на телефон, а уште потешко да ги ангажирате.

Зошто е тоа така и кои се проблемите и предрасудите со кои секојдневно се соочуваат молерите, зборуваат Стеван и Давид од Србија кои со децении се занимаваат со оваа работа.

Стеван Петровиќ нагласува дека луѓето речиси и не се свесни колку е напорна и тешка оваа работа. Тој исто така тврди дека е голема заблуда дека секој може да молерисува.

За да бидеш вистински молер потребни се и до три месеци за да се усовршите, вели Стефан.

Да речеме, се случува на градилишта, во приватни станови или деловни згради да имаме молери кои дошле по платена пракса, а нивниот став е како да знаат се.

По два дена ни се извинуваат на сите, бидејќи сфаќаат дека работата е многу потешка отколку што мислеле. Основните работи може да се совладаат за два ипол до три месеци интензивна работа, додека нивната почетна плата е околу 2.000 динари, вели Стефан.

Затоа што едноставно, на пазарот има толку малку квалитетни молери а обемот на работа е огромен. Затоа се вклопуваме, земаме двајца клиенти кои се во близина, па додека се суши она што го правевме на едниот, одиме кај другиот и обратно.

Мораме така, еве само погледнете ги огласите. Се повеќе има понуди за заминување во странство, каде платите се 3-4 пати повисоки од овде“, посочува Давид.

Просечниот трошок за молерисување на стан од 100 квадрати е околу 1.000 евра, сето тоа заедно со материјалите и „мајсторските раце“ чија цена е од едно до две евра за квадратен метар.

извор: klaster.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »