Промовирани огласи »

Денес KARIERA.mk беше на гости и супер дружба во Бизнис Академија Смилевски. Разговаравме за МојаКАРИЕРА, новата алатка за побрзо вработување и пронаоѓање на пракси како и за апспектите како нашиот сервис може да помогне во подобрувањето на кариерниот развој на секој човек.

Благодарност до кариерниот центар на БАС академија и гостопримството да направиме ваква работилница и да ги мотивираме младите да превземат нови чекори во нивниот кариерен пат.

Промовирани огласи »

EMAPTA OUTSORCING е основана врз премисата дека талентот што го обезбедуваат за нивните клиенти треба, пред сè, да се чувствува како беспрекорно продолжување на нивните тековни операции. Како такви, тие работат во тесно партнерство со нивните клиенти за секогаш да ги имаат во предвид културата и брендот во првите редови на кадровските решенија. EMAPTA обезбедува тим со високи перформанси кој е совршено усогласен со визијата на клиентите, мисијата и културата. Тимот е во посебни приватни канцеларии кои се прилагодени на барањата на клиентите. 

Сите активни отворени работни позиции во ЕМАПТА можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Беким Сали поднесени се оставки од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести  и Клиниката за радиотерапија и онкологија.

По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопшти  Министерството за здравство.
 


Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено  информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури.

Промовирани огласи »

Започни нова кариера во продажба во USA со Slice!

Со големо задоволство Slice го најавува отворениот ден за кариера во продажба во канцелариите во Охрид. Доколку сте подготвени за кариера во меѓународно реномирана компанија, ве очекуваме на 4ти ноември во нашите канцеларии во Охрид со почеток од 14:00 часот.

Запознајте дел од тимот кој е заслужен за успехот на оваа светска компанија, научете неколку одлични совети и трикови во продажба, уживајте во одлична пица и бидете подготвени за можноста да бидете вработени на лице место.

Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и  да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место.

Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во САД, Северна Ирска и Македонија. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во USA да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар, истовремено остварувајќи директна соработка со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Придружи се на Slice тимот!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »