Промовирани огласи »

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување за својот нов пункт во Скопје.

HIB Petrol се застапени на територијата на Косово со повеќе од 20 бензински станици и ресторани во 12 градови. Компанијата во моментот има работна сила од 770 вработени во нивните капацитети. 

Во моментот за нивниот пункт во Скопје можете да аплицирате на отворените позиции за 

Шанкери

Келнери

Менаџер во пицерија

Готвач/ Пица мајстор

Промовирани огласи »

Како што беше договорено на состанокот помеѓу синдикатот СГИП при ССМ со директорот на ЈП Национални шуми, деновиве започна исплатата на регресот за годишен одмор за вработените кој на сите вработени ќе им биде исплатен до крајот на месецот, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). 

Исплатата на регресот за годишен одмор е обезбедена од страна на директорот од сопствени средства на претпријатието и истата се случува за прв пат после многу години. Социјалниот дијалог дава резултати и во наредниот период ќе продолжат разговорите и за останатите прашања кои се од интерес за работниците - велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3,00 денари, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 денара по литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 94,50 за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. 

Промовирани огласи »

Можното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија од 5 на 10 отсто од 1 јануари идната година е само една од ставките во конечната цена која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), но далеку сме се уште од тоа да ги согледаме сите параметри, а РКЕ да одреди кое и какво ќе биде влијанието, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Ние се уште ги правиме пресметките што значат импутите за следната година. Затоа преземаме мерки веќе една и пол година за импутот во дефинирање на цената за следната година да не биде удар за самите граѓани, рече Битиќи во одговор на прашање  по официјалното отворање на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“ во организација на Друштвото за патишта.

Потсети дека Владата преку ЕСМ нудеше електричната енергија кон ЕВН хоум со многу пониска субвенционирана цена.

Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување, но далеку сме се уште од тоа да ги согледаме сите параметри, а РКЕ да одреди кое и какво ќе биде влијанието. Свесни сме дека енергетската криза е тука и дека мора да има одредено покачување на цената на електричната енергија, но да биде колку што е можно поблаго за да се намали ударот кај граѓаните. Сметам дека тоа е императив за Владата, посочи Битиќи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »