Промовирани огласи »

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши.

Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Во замрзнатата цена, како што рече, се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши.

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.

Промовирани огласи »

Во Буџетот за 2023 обезбедени се средства за раст на минималната плата и не пзниите согласно новата методологија. Ова деновиве го објави министерот за финансии Фатмир Бесими, а денеска го повтори и пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Март следната година е новиот термин кога согласно новиот воспоставен модел минимланата плата треба да порасне за нови 10 проценти или за 1 800 денари, со што таа ќе изнесува неполни 20.000 денари.

Во истиот месец, ќе следува и ново покачување на пензиите согласно новата методологија со која пензиите растат на секои шест месеци.

Министерката за труд и социјална политика и членка на раководството на СДСМ, вчера на партиски настан во Радовиш најави дека во март пензиите согласно новата методологија ќе пораснат за 7 проценти.

Пензионерите оваа година два пати добија покачување на пензиите прво од 2.9 а потоа и од 6.8 отсто, додека во март годинава минималната плата порасна од 15.200 нa 18.000 денари.

Промовирани огласи »

Рестрикции на струја нема да има, нѐ уверуваа со месеци од Владата, но можно е да нема струја поради дефекти, признаа денеска од Илинденска.

Имено, како што посочија од Владата, поради дополнителната оптовареност што се очекува на енергетските производни капацитети, зависно од временските услови и од зголемената потрошувачка на струја, во наредниот период се можни неочекувани испади (во електричната мрежа). Состојбата, велат, се следи, а за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани.

Мораме да имаме во предвид дека државата во моментот располага со енергетски капацитети кои се стари повеќе од половина век. Во периодот што следува заради временските услови и заради зголемената потрошувачка на електрична енергија овие производните објекти дополнително ќе бидат оптоварени и можни се неочекувани испади. Состојбата секојдневно се следи и ќе се следи, а за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани, изјави денеска на прес-конференција Виктор Андонов – советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Како што соопшти, вчерашниот биланс покажува дека вкупното производство на електрична енергија од ЕСМ изнесува 10.756 мегават часа на електрична енергија, од кои 7.800 се произведени во термоелектраните, додека останатите 2.956 од обновливи извори на енергија, односно од хидроелектраните и од ветерниот парк.

Како што беше најавено, 2.400 мегават часови се обезбедени од набавката на електрична енергија, додаде Андонов.

Тој повторно апелираше да се штеди струја.

Граѓаните, компаниите и институции да посветат уште поголемо внимание на штедење на електрична енергија. Да не се опуштаме во периодот што ни претстои. Мораме да бидеме внимателни, одговорни и рационални, порача тој.

На прес-конференцијата, Андонов ги повика субјектите од прехранбениот сектор, комуналните дејности и образовните институции да се пријават за субвенционирана електрична енергија која ќе ја добиваат од ЕСМ продажба.

Со одлука на Владата, прехранбениот сектор, односно производството на основни продукти, млеко, месо, леб, масла и друго, ќе добиваат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час, со цел намалување на основните продукти за живот.

Намалувањето на цените на некои од овие продукти веќе може да се забележи, а истото е пренесено и од дел од медиумите. Ова е дел од ветувањето на Владата дека храна оваа зима ќе има за сите. Навремено се преземаат сите мерки за стабилизација и намалување на цените и даваат резултат, рече Андонов, потсетувајќи дека комуналните претпријатија кои вршат дејност снабдување со вода, како и основните и средните училишта ќе добиваат електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час.

Извор: МИА

Промовирани огласи »

Славица Јанковиќ (49) од Хрватска ги оставила зад себе патиштата на Србија, Босна и Херцеговина, па дури успеала да вози до Англија. Самохраната мајка на четиринаесетгодишната Милица пред шест години поради здравствени проблеми морала да ја напушти работата во месарница, а потоа и се отворила можност да ја започне својата „работа од соништата“.

Кога бев дете, застанував со велосипедот и ги гледав камионите додека не исчезнеа на хоризонтот. Во конкуренција од 70 кандидати бев меѓу петте кандидати на кои ЕУ ќе им ги покрие трошоците за преквалификација и така почна се – вели Славица за Вечерњи.хр.

Имено, таа веќе била запознаена со помалите камиони, бидејќи во животот правела секакви работи, а со години возела комбе со роба која потоа ја продавала.

Заминување за Англија

Откако се преквалификувала, заминала во Англија, каде живее нејзината сестра, а набрзо побарала дозвола да вози по нивните патишта. Потоа дојде нејзината прва работа, која беше добро платена, но нејзината ќерка не можеше да се навикне на новиот начин на живот, па поради болеста на нејзините родители реши да се врати во Хрватска.

Можам да кажам дека не се покајав и дека работам работа што ја сакам. Работам за многу помалку пари, но ќерка ми е среќна и задоволна, а јас сум блиска со татко ми кој е болен. Едноставно уживам во возењето и ништо не ми е тешко. За доброто на ќерка ми и болниот татко, само побарав од сопственикот на фирмата да возам тури каде што не морам да спијам за да можам да се вратам дома до вечер. Тие се трудат да ме запознаат, за што сум благодарна и тоа многу ми значи - истакнува Славица Јанковиќ.

Сепак, ќе се излажете ако не кажете дека зад воланот на 17 метарски шлепер и под товар од 40 тони, нема стрес. Како што вели, најтешко и е чекањето на границите, а раскажува иа за тоа кога и пукнала гума во текот на ноќта, како и кога возела по снег и мраз. Славица беше номинирана за најдобар работник за оваа година, а во конкуренција од 780 пријавени влезе во првите десет кандидати.

ФОТО: EPA-EFE/DENIS CHARLET

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »