Промовирани огласи »

Славица Јанковиќ (49) од Хрватска ги оставила зад себе патиштата на Србија, Босна и Херцеговина, па дури успеала да вози до Англија. Самохраната мајка на четиринаесетгодишната Милица пред шест години поради здравствени проблеми морала да ја напушти работата во месарница, а потоа и се отворила можност да ја започне својата „работа од соништата“.

Кога бев дете, застанував со велосипедот и ги гледав камионите додека не исчезнеа на хоризонтот. Во конкуренција од 70 кандидати бев меѓу петте кандидати на кои ЕУ ќе им ги покрие трошоците за преквалификација и така почна се – вели Славица за Вечерњи.хр.

Имено, таа веќе била запознаена со помалите камиони, бидејќи во животот правела секакви работи, а со години возела комбе со роба која потоа ја продавала.

Заминување за Англија

Откако се преквалификувала, заминала во Англија, каде живее нејзината сестра, а набрзо побарала дозвола да вози по нивните патишта. Потоа дојде нејзината прва работа, која беше добро платена, но нејзината ќерка не можеше да се навикне на новиот начин на живот, па поради болеста на нејзините родители реши да се врати во Хрватска.

Можам да кажам дека не се покајав и дека работам работа што ја сакам. Работам за многу помалку пари, но ќерка ми е среќна и задоволна, а јас сум блиска со татко ми кој е болен. Едноставно уживам во возењето и ништо не ми е тешко. За доброто на ќерка ми и болниот татко, само побарав од сопственикот на фирмата да возам тури каде што не морам да спијам за да можам да се вратам дома до вечер. Тие се трудат да ме запознаат, за што сум благодарна и тоа многу ми значи - истакнува Славица Јанковиќ.

Сепак, ќе се излажете ако не кажете дека зад воланот на 17 метарски шлепер и под товар од 40 тони, нема стрес. Како што вели, најтешко и е чекањето на границите, а раскажува иа за тоа кога и пукнала гума во текот на ноќта, како и кога возела по снег и мраз. Славица беше номинирана за најдобар работник за оваа година, а во конкуренција од 780 пријавени влезе во првите десет кандидати.

ФОТО: EPA-EFE/DENIS CHARLET

Промовирани огласи »

Тешко повреден 77-годишник од Скопје откако го нападнале кучиња од расата питбул, кои биле придружувани од сопственикот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 08.11.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил на ул.„Франце Прешерн" во Скопје, на кејот на реката Вардар.

Две кучиња од расата питбул, со сопственик, го нападнале Б.С.(77) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Во Полициската станица Кисела Вода бил извршен разговор со сопственикот, а кучињата биле одземени и предадени во ЈП „Лајка“ - соопштуваат од МВР.

МВР информира дека по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Промовирани огласи »

Успешно да се постои на пазарот на труд 30 години е доказ за истрајност, упорност, борбеност и секако добро чувство за бизнис.

„Алфи Би Компани“ со седиште во населбата Карпош, Куманово е една од поретките компании кои неодамна, на 30.10.2022 го прославија својот 30ти јубилеј. Успешната приказна на „Алфи Би Компани“ започнува во далечната 1990 година кога генералниот директор на компанијата, Гоце Серафимовски и неговата сопруга Весна Серафимовска за првпат донесуваат одлуката да основаат сопствен семеен бизнис.

Ваквата одлука ја реализираат во 1992 година кога го основаат трговското друштво под името "Алфи," и ја отвораат првата сервис продавница. Развојот на семејниот бизнис со секоја измината година успешно напредувал и имал свои големи подеми. Па така, во 1995 година бил отворен и првиот продажен простор во центарот на Куманово. Истата година, „Алфи“ започнува и со извоз на резервни делови за апарати за домаќинство на територија на тогашна Југославија.
Успешното раководење на компанијата, донесувањето на решителни одлуки доведуваат до сè поголеми успеси и отворање на нови канцелариски и магацински простории во периодот во 2001 година.

Веќе во 2005 и 2006 година „Алфи“ го завршува процесот на присоединување со „Алфи Би Компани“ и се регистрира како трговско друштво за вработување на лица со попреченост. Со ова се дава целосна, еднаква можност за вработување на лицата со попреченост на различни работни позиции во компанијата кои се прилагодени во зависност од степенот и видот на попреченост на вработените. Компанијата секојдневно работи со лицата со попреченост и дава максимални напори за нивен личен и професионален напредок. „Алфи Би Компани“ има 57 лица со попреченост кои се вработени во сектор продажба, магацин, прием на роба, маркетинг секторот, сектор за човечки ресурси, како и во сектор за постојана грижа за потрошувачите и интернет продажба.

Навраќајќи се на историскиот развој на компанијата, мора да посочиме дека во 2009 година „Алфи Би Компани“ го отвара и првиот Техноцентар во населба Карпош, Куманово, кој го носи името „Алфи Техноцентар“, кој e значаен, препознатлив бренд на територија на Македонија. Во 2010 започнува со развој и сертификација на сопствен бренд fabbygo, со асортиман кој вклучува над 400 различни производи како што се:

- ситни апарати за домаќинство;

- репроматеријали за бела техника;

- шпорети на цврсто гориво и други грејни тела;

- комплетна гарден програма за уредување на дворови;

- и многу други различни производи.

Поточно, fabbygo е синоним за квалитет, изглед и достапна пазарна цена. Веќе во 2019 година, „Алфи Би Компани“ го отвора и вториот Техноцентар, „Алфи Техноцентар“ во населба Автокоманда во Скопје.

Во нивните продажни салони може да најдете голем асортиман од над 50.000 различни продукти - сè што Ви е потребно за Вашиот дом. Успешната приказна на „Алфи Би Компани“ континуирано продолжува, од сервис продавница со еден и единствен вработен, „Алфи Би Компани“ денеска успешно функционира моментално со 122 вработени, со размислување за нови вработувања и постојан развој.

Еден ваков јубилеј секако, не може да помине без оддавање на признание и благодарност за вработените кои своите кариери долги години ги градат токму во „Алфи Би Компани.“ 

Промовирани огласи »

Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, преку мејл на вработените во компанијата им нагласил дека работата од дома веќе нема да биде дозволена, и оти од нив се очекува да бидат во канцеларија најмалку 40 часови неделно, пренесува „Блумберг“. Ваквиот ултиматум на милијардерот потсетува на слично барање до вработените во неговата фабрика за електрични автомобили „Тесла“ упатено во јуни, но и на практиките во „Спејс екс“, каде што инсистира на 40 работни часа неделно поминати во канцеларија.

Претходното раководство на „Твитер“ им порача на вработените дека можат да се вратат во канцеларија кога ќе посакаат, кога повторно ги отвори службените простории во март. Маск исто така им порачал на вработените дека сака половина од приходите на „Твитер“ да дојдат од претплата.

Маск, претходно побарал од вработените во „Тесла“ да се вратат во канцеларија или да ја напуштат компанијата за производство на електрични автомобили, според службен мејл во кој имал увид „Ројтерс“ во јуни.

Задолжително е сите во „Тесла“ да поминат во канцеларија минимум од 40 часа неделно. Ако не се појавите, ќе сметаме дека сте дале отказ – напишал Маск во тогашната порака.

Тој напоменал дека колку повисока функција извршуваат вработените, толку повидливо ќе биде нивното присуство.

Токму затоа јас живеев во фабриката во толку голема мера, за работниците на лентата да ме видат како работам покрај нив. Да не го сторев тоа, „Тесла“ ќе банкротираше – порачал Маск.

Дел од вработените во „Тесла“ тогаш изразиле незадоволство од последните коментари на Маск.

Ако дојде до масовен егзодус, како ќе завршат проектите на „Тесла“. Мислам дека инвеститорите не би биле среќни – вели еден вработен, додека друг навел дека очекува Маск набргу да го смени ставот.

Големите технолошки фирми во Силиконската долина не бараат од вработените да се вратат со полно работно време во канцеларија, поради отпорот на дел од вработените и зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус во американската сојузна држава Калифорнија. Седиштето на „Тесла“ е во Остин, во сојузната држава Тексас, но една од фабриките се наоѓа во Сан Франциско, во Калифорнија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »