Промовирани огласи »

Вип ја продолжува наградната игра „Еко активација" со која ја поттикнува еколошката свест во јавноста и го најавува второто извлекување на 15 август 2017г., со кое сите корисници кои се откажуваат од хартиените сметки и ја активираат услугата електронска сметка ја добиваат можноста да станат добитници на вредни награди.

Останува можноста за учество на сите постојни и нови корисници кои имаат активна електронска сметка или извршиле online уплата на било која фактура преку веб страницата на Вип или мобилната апликација “Плати сметка” на www.vip.mk и преку мобилната апликација “Мојот Vip” до 10 август односно 5 дена пред наградното извлекување.

Во првото извлекување што се одржа на 15 мај оваа година 7 среќни корисници се здобија со вредни награди и тоа: iPhone SE 64GB, Sony Experia Z5, Samsung Galaxy S6 edge plus, Samsung Galaxy Alpha, лаптоп, таблет и велосипед.

Добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно се објавуваат на официјалната фејсбук страница на Вип и на www.vip.mk.

По августовското извлекување, следуваат уште две, закажани за 15 ноември 2017г. и 15 февруари следната година.

Со овој проект Вип уште еднаш ја докажува својата посветеност кон заштитата на животната средина и насоченост за зголемување на свесноста на заедницата поврзани со оваа област истовремено работејќи на постојано зголемување на корисничкото задоволство.

На сите корисници кои покажуваат висока свест за животната средина и кои ќе земат учество во оваа наградна игра Вип им посакува многу среќа!

Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за именување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, со кој се враќа постапката за стекнување лиценца за лектор, прекината во 2013 година.

Со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој е донесен во 1998 година, е утврдено дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и другите текстови наброени во овој закон – задолжително треба да се лекторираат. Со Законот е утврдено дека лекторирањето може го да врши лице што има лекторска лиценца, што ја дава Министерството за култура, по положен испит. Со предлогот на законот се пропишуваат постапката и начинот на полагање на испитот за добивање лекторска лиценца.

Целтa на предлог-законот е создавање нормативна основа со која се пропишуваат постапката и начинот на полагање на испитот за добивање лекторска лиценца.

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата одржана вчера донесена е одлука да се даде препорака на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија веднаш да одржи работен состанок, со вклучување претставници на ЕВН Македонија АД Скопје, Министерство за економија и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната ефтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата и измена на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи.

Владата на РМ е убедена дека со оваа одлука ќе се направи голем исчекор кон подобрување на еконоската состојба на граѓаните на Република Македонија, а истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Денеска се одбележуваат 54 години од катастрофалниот скопски земјотрес кој кобното јулско утро во 5:17 часот однесе над илјадници животи, во пресрет на тоа и денеска објавуваме потресна приказна од скопските улици.

Една од приказните е и на еден скопјанец кој скокнал од првиот кат на хотелот „Скопје“, по првиот потрес и за среќа, останал неповреден. Покрај ѕидот на хотелот видел мртва жена, а покрај неа мало девојче кое извикувало „Мамо, мамо“. Веднаш отрчал да го земе. Уште не стигнал до него, кога повторно земјата се затресла и урнатините ги покриле обајцата. Но овој вториот удар бил уште посилен. Разделени така еден од друг, останале шест часа под урнатините. Кога војниците конечно го спасиле девојчето и сакале да го поведат, тоа почнало да се трга и на цел глас да извикува „Тука има уште еден чичко, спасете го“. Девојчето не си отишло додека не го извадиле чичкото. Потоа ја извадиле мајка ѝ, мртва. Чичкото го прашал девојчето како се вика нејзиниот татко. Таа на српски јазик бистро одговорила „Јас немав татко, а сега и мама загина“.

Чичкото ја повел со себе и на војниците им рекол „Благодарам што нѐ спасивте. Девојчето ќе го земам, ќе биде моја ќерка, ќе ја посвојам, јас и така немам свои деца“. Заминале заедно како едно семејство.

Скопје денес е сведок на оваа приказна и на уште илјадници други кој ги градат своите приказни на улиците на овој град. Кога се застана љубовта продолжи, да живее Скопје!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »